• Latest

Нема мир без правда, нема Европа без Украина

November 21, 2025

Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

April 28, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

April 28, 2026
(Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

April 28, 2026

Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

April 28, 2026

Профитот не вреди колку животот: ЦИВИЛ бара безбедни работни места и социјална правда за работниците!

April 28, 2026

Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

April 28, 2026

Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

April 28, 2026

(ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

April 27, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов, бард на македонското новинарство

    (Архива) Џабир Дерала, изјава за медиумите, Тетово, 20 октомври 2025 (фото: ЦИВИЛ)

    Дерала за „Порталб“: Дел од сегашните решенија во Изборниот законик се само озаконета корупција на медиумите и ништо повеќе

    ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда

    Црна статистика: 31 работник го загубил животот во 2025 година – безбедноста на работа останува критична точка

    Невидливиот убиец на работното место: Психосоцијалните ризици во фокусот на Светскиот ден за безбедност при работа

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Не е проблемот во AI, туку во контролата: Лекција од изгубените податоци

    Илузијата на преговорите: што имаат заедничко Варуфакис и македонското чекање пред вратите на ЕУ?

    (ДОСИЕ) Кримското поглавје на руската пропаганда: Кремљовскиот „бек-енд“ на Левица

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Нема мир без правда, нема Европа без Украина

November 21, 2025 09:21
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА
No Peace Without Justice, No Europe Without Ukraine
CIVIL Today

Кога агресорот зборува за „мир“ додека неговите ракети сè уште паѓаат врз градови и убиваат цивили, светот има морална обврска да ги прочита ситните букви — и да ја види крвта со која е испишан.

Планот во 28 точки меѓу САД и Русија за Украина за кој известуваат светските медиуми — изготвен зад затворени врати од пратениците на Доналд Трамп и кремаљскиот фиксер Кирил Дмитриев — не е, дами и господа, патоказ кон мир. Тоа е план за капитулација на Украина и долгорочен руски меч над европската безбедност. Всушност, тоа е почеток на поширока капитулација на самата Европа — и разурнувачки удар врз демократијата каква што ја знаеме.

Овој одвратен план би ја принудил Украина да се откаже од преостанатиот дел од Донбас — вклучително и градови кои Русија не успеа да ги освои ни со масовни убиства и терор. Тој би ја осакатил украинската одбрана со преполовување на вооружените сили и одземање на клучни видови оружје, особено ракетите со долг дострел. Планот оди дури и понатаму: протерување на сите странски трупи и забрана за присуство на НАТО, оставајќи ја Украина изолирана и изложена. И тука планот ја преминува најмрачната линија: обид да се избрише самата жртва преку наметнување културни концесии како што е службен статус на рускиот јазик и Руската православна црква — алатки преку кои Москва со децении се инфилтрира, поларизира и доминира.

За возврат, Украина и Европа добиваат магливи американски „безбедносни гаранции“ чии кредибилитет одамна е урнат по очигледното кршење на Меморандумот од Будимпешта преку руската брутална агресија.

Дури и само еден фрагмент од овој план да беше вистинит — би бил неприфатлив. Земен заедно, тој не е ништо помалку од обид да се наметне поразена иднина на земја која одбива да биде поразена — и да се воведе опасен нов безбедносен дис-ред низ Европа. Ова не е мир. Ова е кодификација на максималистичките воени цели на Путин под американско покровителство.

Едноставно е. Мирот не може да се договара без Украина!

Можеби најциничниот аспект од овој план не е само неговата содржина, туку неговиот формат: наводно, се крои главно меѓу Вашингтон и Москва, додека Украина и Европа се третирани како посматрачи на сопствената погребна поворка. Европските министри за надворешни работи го кажаа очигледното — секое решение што ги прекројува границите, го редефинира источниот фронт на НАТО или ја одредува идната европска безбедност мора да ја вклучи Украина и европските престолнини на масата. Но, вклученоста сама по себе не е доволна. Дури и кога се поканети, Европа мора да одговори на руските „планови“ и „предлози“ со цврсто и принципиелно — Не! Зашто единствениот прифатлив пат кон мир е запирање на војната и изведување на сторителите пред лицето на правдата.

Кој го нарекува ова дипломатија? Да се зборува за „завршување на војната во Европа“ без присуството на Украина и Европа е чист неоимперијален пазар во неговата најсурова форма.

Територијалниот интегритет не е монета за поткусурување!

Предложените отстапки го уриваат стожерниот принцип на меѓународното право. Присилување на Украина да се откаже од територии што Русија ги анектира нелегално и само делумно ги окупира — е обид за ретроактивна легализација на агресијата.

Ако овој принцип се прифати — нуклеарни држави смеат да водат агресивни војни, да окупираат соседни земји, да вршат злосторства, за потоа да разменат украдена земја за „кеш“, олеснување на санкции или гаранции на парче хартија — тогаш ниту една граница во Европа не е безбедна. Молдавија, Грузија, Балтичките земји и други делови од ЕУ би станале точки во преговори за „зони на влијание“.

Лекцијата од 20 век е едноставна: граници променети со сила повикуваат на примена на уште повеќе сила. Умилкувањето не ги спречува новите војни. Ги подготвува.

Па што имаме сега? Разоружување на жртвата, наградување на агресорот!?

Воените одредби на планот се особено опасни. Преполовување на украинската армија, забрана на ракети со долг дострел, повлекување на западната поддршка и забрана за идни меѓународни распореди би ја претвориле Украина во обезоружена тампон-зона — додека Русија го задржува својот воен апарат, пропаганда и нуклеарна уцена.

Ова нема никаква врска со создавање безбедност. Тоа само гарантира дека следната агресија ќе почне од уште поповолна позиција за Москва. Тоа е сè.

„Мир“ што ја разоружува жртвата, а го остава агресорот неказнет — не е мир. Тоа е менаџирана капитулација.

Будимпешта, повторно — само полошо.

Украинците веќе ја искусија трагедијата на лажните гаранции. Во 1994 година се откажаа од позицијата на трета најголема нуклеарна сила во светот во замена за гаранции за суверенитет и територијален интегритет. Тие гаранции се распаднаа во моментот кога руските тенкови ја преминаа границата и го окупираа Донбас и го анектираа Крим во 2014.

Да се понудат нови, уште помагливи американски „гаранции“ додека од Украина се бара да го легитимира руското крадење територии и да ја демонтира сопствената армија — тоа не е само наивно. Тоа е навредливо.

Не се обновува кредибилитетот на прекршени ветувања со барање жртвата да се откаже од уште повеќе.

Правдата за воените злосторства не е преговарачка ставка.

Зад секоја линија на картата стојат човечки животи. Независни истраги и Комисијата на ООН документираа тортура, егзекуции, сексуално насилство, системски спроведени исчезнувања на окупираните територии. И киднапирање на 20.000 украински деца.

Да се натера Украина да напушти уште милиони свои граѓани и да ги препушти на ваква реалност — без железни механизми за заштита и правда — значи тргување со човечки животи за дипломатско позирање и профит. И Нобелова награда за мир, можеби? Каков потсмев и газење врз масовните гробници!

Сериозно, секој вистински мир мора да ја признае целосната одговорност на Русија. Мора да гарантира неограничени истраги и судења за воени злосторства, вклучително и пред Меѓународниот кривичен суд. Мора да обезбеди право на враќање и репарации за земјата–жртва на агресија. Светот мора да спречи де факто амнестија за оние што ги наредија и ги овозможија злосторствата.

Мир без правда е само примирје со неказнивост за злосторниците.

Вистинскиот мир не може да се постигне со руските максималистички барања или Трамповите трансакциски инстинкти. Мора да тргне од принципи — едноставни, јасни, правни, етички:

  1. Целосно почитување на суверенитетот и меѓународно признатите граници на Украина — вклучително Крим и сите територии окупирани од 2014. Агресијата не смее да добие легитимитет.
  2. Безбедносна архитектура со Украина во неа, не околу неа — преку НАТО, ЕУ или издржливи меѓународни договори. Европската безбедност не смее да се темели на путинови илузии за доминација.
  3. Рамноправно учество на Украина и Европа во секоја фаза од процесот.
    Ништо за Украина — без Украина.
    Ништо за европската безбедност — без Европа.
  4. Правда и одговорност како основа за која не се преговара.
    Секој мировен процес мора да биде поврзан со меѓународното право, санкциските механизми и трајните гаранции против нова агресија.
  5. Јасна условеност кон Русија.
    Без олеснување на санкции или меѓународна реинтеграција сè додека Русија не ги повлече силите, да плати репарации и да докаже веродостојно усогласување со меѓународното право.

Европа веќе плати висока цена со енергетски шокови, воени трошоци и руски саботажи на нејзината територија. Не смее да прифати било какво решение што ќе го остави Кремљ со прстот на орозот.

Изборот пред нас…

Мора да гледаме трезвено. 28-точковиот план, или било кој план роден во кабинетот на воен злосторник, не е понуда за мир. Тоа е тест: може ли светот, под знамето „завршување на војната“, да биде убеден да прифати рамка што ги цементира руските придобивки, ја поткопува правдата, ја уништува Украина и ја изложува Европа на опасност?

Одговорот мора да биде јасно и одлучно — не.
Грабежници, убијци и силувачи не смеат да ги пишуваат сопствените пресуди.

Вистинскиот мир ќе бара тешки компромиси. Но, првиот што мора да отстапи е оној што започна агресивна војна, окупира туѓа земја и ги наполни украинските градови со масовни гробници — не земјата што го брани своето постоење.

Украина никогаш не побара светот да ја води нејзината војна. Украина ја води војната за светот. Сега е редот на светот барем да не ја продава нејзината иднина.

Европа и демократскиот свет немаат право да легитимираат агресија. Умор не е изговор.

Нема мир без правда. Нема безбедност без Украина.
Нема договори за Украина и Европа без Украина и Европа на масата.

ЦИВИЛ Медиа | Оригиналниот текст на англиски е објавен на CIVIL Today | Текстот е личен став на Авторот | CC BY 4.0 – слободно преземање, задолжителна атрибуција со линк
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лажги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ