• Latest

Нема нова вонредна состојба, Пендаровски ги повика Заев и Мицкоски на средба

June 12, 2020
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Нема нова вонредна состојба, Пендаровски ги повика Заев и Мицкоски на средба

June 12, 2020 12:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека во овој момент нема потреба да прогласи нова вонредна состојба и дека според информациите од Владата, обезбедени се доволно количини на заштита е економски мерки за поддршка за националната економија.

„Споредбите кои се прават меѓу претходните вонредни состојби и бројот на тогаш заразени и починати и актуелните бројки на заразени и починати се без осново, затоа што ниту една вонредна состојба не беше воведена од тие причини, а за полицискиот час, карантин или кризна состојба на целата територија на државата постои законска регулатива и нема потреба да воведува вонредна состојба за да се применуваат истите“, додаде Пендаровски.

Пендаровски додаде дека во јавноста се пласира дека вонредната состојба има врска со датумот на изборите, и тој истакна дека истите можат да се организираат и за време на вонредна состојба, само Владата ако сака може во уредбата каде стои „по завршување на вонредната состојба продолжуваат да течат изборните рокови“ да напише „изборните рокови течат и за време на вонредната состојба“.

„Знам дека најголемиот дел од нашите граѓани не размислуваат за избори во време кога имаме пораст на заболени, меѓутоа избори и во време на корона, која нема да замине наскоро, се неопходни за да добиеме функционален, наместо распуштен Парламент и легална и легитимна наместо техничка влада“, вели Пендаровски.

Пендаровски во изминативе недели имал комуникација со лидерите на политичките партии и со стратешките партнери од меѓународната заедница.

„Власта и опозицијата се согласни дека на зборите мора да има набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, ДИК во соработка со Комисијата за заразни болести, треба да изготви посебни протоколи за безбедно гласање на граѓаните, и безбеден престој во просториите на гласање на членовите на избирачките одбори и домашните набљудувачи и меѓународни. За жал власта и опозицијата не ги приближија своите ставови за датумот на изборите “, додаде Пендаровски.

Пендаровски предупреди дека доколку не успеат да се договорат за транспарентен и инклузивен изборен, процес тоа ќе значи влез во длабока политичка криза.

„Од тие причини сакам да упатам јавен повик до претседателите на најголемата партија во власта, Зоран Заев и најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски да седнеме уште денеска и да најдеме излез од оваа ситуација, со ставање на државните над личните и партиските интереси. Во спротивно ќе ја отвориме вратата за уште поголема криза и не само што ќе ја доведеме во прашање нашата европска перспектива, туку ќе ги поткопаме нашите напори да излеземе накрај со пандемијата, за што ни е потребен јасен државен консензус и стабилни институции“, истакна Пендаровски.

А. Петровска 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ