• Latest

Нема област што не е приоритет во екологијата, граѓанските организации бараат итни акции

January 25, 2022
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нема област што не е приоритет во екологијата, граѓанските организации бараат итни акции

January 25, 2022 18:50
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Справување со климатските промени, напуштање на фосилните горива и инвестиции во алтернативни извори на енергија, имплементација на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, заштита на почвите и решавање на историските жаришта од некогашни рудници или индустриски капацитети, заштита на биодиверзитетот и на природните реткости и убавини, стопирање на урбанизацијата на Охрид, воспоставување на вистински систем за селекција на отпадот, активирање на инспекциските служби и казнување на сите кои ја загрозуваат животната средина, пишува Мета.мк.

Списокот на очекувани акции за обезбедување на здрава и одржлива средина за живот во земјава е премногу долг. Речиси и да нема област која нема итни приоритети исто како и долгорочни активности. Екологијата е под радарот на интересот на институциите со децении, а наместо акции со конкретни резултати, најчесто се сведува на политички флоскули. Граѓаните не гледаат промена, а многу генерации израснаа со ѓубрето на улица и загадените реки.

Промените мора да стартуваат веднаш и од самите нас, а граѓанските организации треба да се коректорот и поттикнувачот на активностите на институциите. Екологистите се децидни дека 2022 година мора да биде година на конкретни проекти, а не уште една во низата кога проблемите ќе се таложат, а надлежните ќе го вртат погледот настрана.

Донесување на законот за климатска акција, е еден од приоритетите кои граѓанската организација „Гоу грин“ смета дека мора да биде реализиран оваа година.

„Законот веќе доцни, а е многу важен за да почнеме да исполнуваме дел од целите“, вели Мила Јовановска, претседателка на „Гоу Грин“. Овој закон, со кој треба да се направи целосно транспонирање на законодавството на ЕУ за клима, што ќе овозможи ниско-јаглероден развој и отпорност на климатската криза, се работи подолг период. Неговото донесување се најавуваше и за 2020 и за 2021 година, а минатата година се усвои Долгорочната стратегија за климатска акција.

Живееме во држава во која отпадот се уште се третира примитивно, со одлагање во претежно нелегални депонии, дишеме воздух кој често е најзагаден во Европа, понекогаш и во светски размери, реките и почвата ни се алармантно загадени, природата си ја уништуваме континуирано и неповратно, го губиме огромното богатство на биолошка разновидност, констатираат од организацијата „Фронт 21/42“.  Тие посочуваат не една, туку пет точки, кои сметаат дека се приоритети за најитна акција годинава.

„Бараме итно санирање на еколошката жешка точка „Југохром“ во Јегуновце. Несфатливо е тоа што со децении се дозволува истекување на шестовалентен хром во почвата и подземните води во близина на Рашче, главниот извор за вода за Скопје. Енергетската криза несомнено ја покажа досегашната погрешна енергетска политика која резултира со висока зависност од увоз на енергија, стотици милиони евра излеани од буџетот, уништена природа, алармантно загадување на воздухот и животната средина…. Сметаме дека е итно потребно да се укинат повластените тарифи за малите хидроцентрали и сите расположиви средства да се вложат во подобрување на енергетската ефикасност и субвенции за граѓаните да инвестираат во фотоволтаици и сончеви панели“, порачуваат од „Фронт 21/42“.

Според оваа организација, годинава, како и изминатите шест, приоритет е и носење на ефикасен Закон за репрогласување на Маврово за национален парк и спроведување на Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина на сите планирани проекти. Како организација која е посебно посветена на заштитата на Охридскиот регион, „Фронт 21/42“ смета дека е повеќе од итно потребно да се стопира уништувањето на нашето најголемо природно и културно богатство.

„Според нас во врвните приоритети е итното усвојување на вистински мораториум за секаква урбана и крајбрежна трансформација, прекинување на постапките и целосно поништување на урбанистичките планови на крајбрежјето и во близина на Студенчишко блато, усвојување на новиот закон за управување со Охридскиот регион, кој Владата го држи во фиока од 2019 година и Правилник за мерки и активности во зоните на заштита, усвојување на Закон за Студенчишко блато кој ќе предвиди заштитна зона, отстранување на платформите на ресторанот Острово кај Св. Наум и враќање на природата во изворна состојба“, велат од „Фронт 21/42“.

Македонското еколошко друштво бара една од главните активности со кои ќе се занимаваат институциите во оваа година да биде спроведувањето на законите поврзани со природата. Кривичните дела против природата, односно еколошкиот криминал треба конечно да станат приоритет на сите релевантни институции.

„Без оглед дали зборуваме за намерен криволов или труење на животни, па сѐ до несоодветна продажба и употреба на пестициди поради неукост, овие дејствија најчесто минуваат „под радарот“ на надлежните институции и инспекциските служби. Евидентно е дека постои сериозен недостаток на капацитети кај органите на прогонот, но и инспекциските служби, а ова следствено ги олеснува околностите за сторителите на кривичните дела“, вели смета Ненад Петровски од МЕД.

Дополнителен проблем е несогледувањето на тежината на овие кривични дела од страна на правосудниот систем. Јавното обвинителство повеќепати не ги третира овие случаи како нешто што претставува сериозна опасност за општеството, се додека не се крене медиумска фама. Според Диме Меловски од МЕД, самата процедура за санкционирање на прекршителите е бирократска и сложена, заради што прекршителите добиваат шанса да ја избегнат пресудата, а ловочуварите или шумочуварите ја губат мотивацијата кога ќе се сетат низ колку чекори треба да поминат до целта, а притоа ја ризикуваат сопствената сигурност за резултат кој не е секогаш позитивен.

Секторот животна средина и клима како целина мора да биде приоритет доколку планираме да се подобри состојбата преку започнување на имплементацијата на донесените национални стратегии, во спротивно тие остануваат само на хартија, сметаат од „Еко свест“.

Како најитен проблем кој е предизвикан делумно од ненавремено планирање, а делумно од доцнење во имплементација на веќе донесени планови и мерки и на кој ќе мора да се посвети огромно внимание секако е енергетскиот сектор. Итно мора да се решава енергетската криза, но истовремено да се усвојуваат и сите задоцнети програми и планови во овој сектор и да се обезбеди нивна конечна имплементација.

„Ние се уште дишеме загаден воздух, заради што мерките од секторот енергетика мора да бидат постојан приоритет“, вели Елена Николовска од „Еко свест“. Дополнува дека заштитата на природата е уште една област на која носителите на одлуки мора да работат забрзано и со зголемен интензитет во 2022 година, со оглед на тоа дека во овој сектор се уште недостасува реална имплементација на голем дел од програмите и плановите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ