Categories

АНКЕТА Нема поголемо насилство од она да им ја отвориш вратата на насилниците!

Ги прашавме граѓан(к)ите на Скопје што мислат за новиот закон за амнестија за настаните од 27 април и тие се со поделени ставови.

„Треба да бидат амнестирани,  бидејќи тоа е еден начин за да се дојде до конечно помирување и сметам дека е во ред“, вели еден граѓанин.

Некои од граѓан(к)ите ни одговорија дека не се во тек со настаните или дека немаат никаков коментар во однос на тоа.

„Не сум во тек, колку што можам избегнувам, а инаку ова е хаос. Немаме мир дома, не сакам да следам затоа што државава ни отиде…“, вели една граѓанка.

Еден граѓанин вели дека тие што се виновни, треба да бидат казнети, односно оние кои биле поттикнати да влезат во Собранието.

Друг граѓанин смета дека донесениот закон е преблаг, и дека кривичното дело како насилство не смее да се прости, барем не лесно. Тој посочи на пратениците кои ги отвориле вратите на Собранието, и смета дека нема поголемо од она да овозможиш на насилниците да вршат насилство.

Законот за амнестија за настаните од 27 април 2017 година, беше изгласан вчера со 95 гласа „за“, по скратена постапка, без против и воздржани, во Собранието, кој е дел од планот за помирување инициран од власта.

Ангела Петровска
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети 

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email