Не се точни информациите дека одлуките ќе се носат со врзани потписи на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Артан Груби. Лично Заев ги демантира и гласините дека за таа цел би се гласале и законски измени. Претседателот на СДСМ и мандатарот за формирање на новата Влада, прецизира дека улогата на првиот вицепремиер ќе биде само да го замени премиерот на состаноци на владата кога тој ќе биде отсутен, или да причека на прием делегација во слични ситуации.
„Се знае дека премиерот потпишува, нема никакви врзани потписи. Секако во идната влада планирам да имам четири вицепремиери, од кои тројца на предлог на СДСМ и еден од ДУИ, кој ќе биде именуван за прв вицепремиер“, изјави Заев.
Именувањето на прв заменик од редовите на ДУИ, како што објасни Заев, е само за подобра координација меѓу двете политички партии, преземањето на одговорноста и да се даде важност на одлуките кои ќе бидат донесени и спроведувани од страна на извршната власт.
А. З.