• Latest

Немојте заради лажните вести

September 26, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Немојте заради лажните вести

September 26, 2018 10:48
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Слушна? Не-знам-каде, не-знам-колку луѓе загинале.“ „Ауууу. Кога?“ „Штознам…“

Игор К. Илиевски

До не-толку-одамна, вакви информативни разговори можеа да се чујат само во парковите, чекалниците на здравствените установи или пред шалтерите каде што повозрасните граѓани практикуваа значителен дел од својот социјален живот. Денес паркови речиси и да нема, значителен дел од социјалниот живот е преселен на социјалните мрежи, каде што повозрасните граѓани, додуша, се ретки како и парковите, но механизмот и квалитетот на „социјалното“ ширење информации е ист: „Не-знам-каде, не-знам-колку…“

Денешната замена за парковски или муабети пред гранапче-социјалните мрежи и огромен дел од п„порталите“ – се преполни со прашања, но и одговори. „Ќе ги праќаме децата во војна за НАТО“. „Ако влеземе во НАТО еден куп пари треба да плаќаме“. „Ќе ни доаѓаат тука да гаѓаат со осиромашен ураниум“, и слични „ќемтреилс“, „ХАРП“ и „алуминиум“ „информации“ и „дилеми“.

Во сета бука и прашина, тешко се слуша и се гледа што прават некои наши „деца“ денес во Авганистан токму во НАТО-операција, „Одлучна поддршка“. Онаа, која ја замени мисијата ИСАФ, со која нашите „деца“ во Авганистан отидоа во 2002 година, и останаа цели 16 години, а, со одлука на владата од ноември 2006 година, и без речиси никакви „национални ограничувања“, односно со дозвола НАТО да ги употреби во борба.

Прашината, како пустинската прашина во Ирак, ја покри и „Слобода за Ирак“, и мисиите во Босна и Херцеговина, и во Либан…

Го покри и сеќавањето за буџетот на АРМ, кој во минатите десет години беше буквално преполовен. И сеќавањето за хеликоптерите, читај целото воено воздухопловство, кои беа приземјени во летото 2007 година затоа што им снема моторно масло, па мораше да им подари тогашната американска амбасадорка Џилијен Милованович…

Важно, да знаеме. Ако влеземе во НАТО, ќе ги пратиме нашите синови да се борат за „нато-зликовците“. Допрва. И буџетот за одбрана ќе мора да го зголемиме, колку оној што отсекогаш сме го имале.

Како што се ближи референдумот, деновиве, ваквите буки и прашини само ќе се засилат, а нема многу да стивнат ни потоа. Наместо дебатата што во овие 25 години никогаш сериозно не се случи за декларираниот највисок стратегиски приоритет на државата, членството во НАТО.

Но, тоа што никогаш немаше сериозна општествена дебата за НАТО, или и за ЕУ, впрочем, не значи дека вие не треба да имате став.

В недела може да се бојкотира. Да се гласа. За. Против. Да се шкртне ливчето.

Да се прави што се сака.

Но, треба да се стори тоа што секој поединечно смета дека треба да го стори, тоа што сака да му се случи со државата. Да реши самиот. Со свој, сопствен став, Од свои причини. Со сопствени аргументи, емоции, надежи и стравови. Да реши поради тоа што самиот го знае, чувствува и мисли.

Не поради тоа како некој му ги толкува работите. Најмалку поради лажните вести, или затоа што „не-знам-каде…“

Еднаш, многу одамна, се појави еден баук наречен „Y2K“, кој го предвиде крајот на информатичката технологија во моментот кога календарот ќе го сврти бројот 2000. Двеилјадитата дојде пред осумнаесет години, а страшното предвидување, на изненадување на малкумина, не се случи. Слично мина и крајот на светот, според Маите, на 12 декември 2012 година. Апокалипсата ги остави разочарани „преперите“ ширум светот кои ја чекаа со купена храна за неколку месеци, опрема за кампување и семејства на готовс во возила, подготвени за итна неизбежна евакуација.

За жал, последиците можат да бидат многу поголеми. Светот пред две години, во екот на претседателската кампања во САД, го запиша Велес на својата карта како главен град на лажните вести, а последиците од тоа и денес и тоа како се чувствуваат во Белата куќа…


Оваа колумна е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“

 

Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ