Во партиските простории на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, кои се наоѓаат во центарот на градот непосредно до Градскиот пазар, синоќа (13.08.2021) се случил инцидент, пренесе Фронтлајн, потпирајќи се на објава од Публикум.мк.
Според неофицијалните информации што ги пренесуваат порталите, незадоволни партиски членови ја искршиле влезната врата на партискиот штаб, како и дел од инвентарот во просториите, каде во тој момент се наоѓале повеќе членови на прилепскиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
ЦМТ
ЦИВИЛ ги повикува политичките партии, институциите и граѓанките и граѓаните да доставуваат информации, фото и видео материјали и извештаи за текот на изборниот процес до Мониторинг тимот на ЦИВИЛ (ЦМТ). Тел: 02 / 520 91 76 (секој работен ден, 9-17 ч.), на мејл: [email protected] или во порака на Фејсбук страната на ЦИВИЛ/ЦИВИЛ МЕДИА.
Дезинформации, говор на омраза, сајбер напади, дискриминација, насилство и други облици на кршење на човековите права и слободи може да се пријават на овој ЛИНК.
ЦИВИЛ, заедно со граѓанките и граѓаните, решително против лажните вести и говорот на омразата