Изборниот мониторинг на ЦИВИЛ забележа дека на настаните на учесниците во предизборната кампања, во неколку случаи не се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.
Непочитување на мерки се забележани на собирот на Општинскиот комитет на ВМРО –ДПМНЕ во Чашка. (на 18 септември 2021). На фотографиите споделени на фејсбук профилот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ Чашка, се забележува дека луѓето освен што се без маски, не ја почитуваат ни мерката физичка дистанца.
За време на отворање на централниот штаб на ДУИ во Јаболчишта, општина Чашка (на 26 септември 2021, забележано е непочитување на мерките против КОВИД-16.
На 27 септември на собирот на ВМРО -ДПМНЕ во Античкиот театар во Охрид е исто така забележано непочитување на мерките против КОВИД-19, неносење маски и непочитување физичко растојание.