• Latest

Непотизам, кронизам и клиентелизам при вработување: Системот продуцира корупција, потребна е сериозна имплементација на законите

October 24, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Непотизам, кронизам и клиентелизам при вработување: Системот продуцира корупција, потребна е сериозна имплементација на законите

Од досегашнто работење на ДСКС, Софка Пејовска – Дојчиновска е децидна дека нема дилема оти системот продуцира корупција, постои правна несигурност, а еден од најсериозните проблеми се дискреционите овластувања на носителите на јавни функции пред се за вработувањата. Сите извештаи, потенцира таа, говорат дека имаме добра законска рамка, но недостасува имплементацијата.

October 24, 2019 13:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во системот имаме проблем, во законите со текот на годините секогаш се внимавало да се остави простор за евентуална потреба на оние кои се на власт. И покрај законите имаме продлабочено делување во таа насока преку подзаконските акти, кои ги носат самите министри, а се одобрувани од страна на Министерството за информатичко општество. Тоа укажува дека затајуваат и контролните механизми и инспекциските служби, а има проблеми и во назначувањето во инспекторатите.

Ова е заедничкиот заклучок на Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија и Софка Пејовска – Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кои денеска се обратија на презентацијата на проектот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, кронизам и клиентелизам“.

По извршената анализа, во рамки на проектот, на 19 закони и два подзаконски акти, при што се утврдени 46 ранливи точки на кои треба да се интервенира, но и од досегашнто работење на ДСКС, Софка Пејовска – Дојчиновска е децидна дека нема дилема оти системот продуцира корупција, постои правна несигурност, а еден од најсериозните проблеми се дискреционите овластувања на носителите на јавни функции пред се за вработувањата. Сите извештаи, потенцира таа, говорат дека имаме добра законска рамка, но недостасува имплементацијата.

– Или еднаш ќе се одважиме да бидеме сериозни во имплементацијата или немаме алтернатива. Тоа е основното. Од толку предмети кои ги добивме од почетокот на нашето работење до денес, само се потврди дека тоа се слабостите кои се констатирани, изјави Пејовска – Дојчиновска од ДКСК и најави дека ќе се бара од државата да ги анулира слабостите.

Укажа дека со Националната стратегија за борба против корупцијата, што се подготвува, меѓу другото ќе се бара ограничен број измени на систематизација на работни места, елименирање на вработувања преку приватни Агенции за вработување, определеното време на вработување… како „дупки“ кои се користени во огромни количините во изминатите години.

На новинарско прашање колку предмети Антикорупција има отворено за непотизам и по колку од нив постапува Јавното обвинителство, Пејовска – Дојчиновска посочи дека се околу 40 – тина, но нема точен број по колку постапува ЈО.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавените предвремени парламентарни избори, таа истакна дека ДКСК е подготвена да се соочи со предизвиците.

Амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп со порака: кога бродот почнува да тоне треба да ја испумпате водата доколку влегува и да најдете каде има пукнатини и да ги затворите. Имате навистина добар брод, но мора да му овозможите да се движи побрзо и да успее.

– Потребни се уште напори со цел да се превентира политизирањето на јавната служба и јавниот сектор. Освен на превенирање на пропаѓање на бродот Антикорупцијата има за цел да го направи општеството подобро место за живеење. Непотизмот и кронизмот во јавната админситрација само го успоруваат напредокот на јавните служби, но имаат и економски реперкусии, рече амбасадорот Дирк Јан Коп.

Според него, Северна Македонија треба да погледне во сенката на проблемите или на оние проблеми кои се скриени.

– Во Грузија лично видов како тоа беше направено. Во сите градови имаше насекаде отворени места и кога доаѓате да извадите какви било документи, сите можат да се видат меѓусебе. Значи луѓето можат да ги видат јавните службеници и обратно. Ништо не се прави зад мали, скриени прозорчиња, туку се се прави на транспарентен начин, што помага да се намали корупцијата, но помага да се поврти и довербата на луѓето во јавната служба, рече холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ