Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави разрешувањето на министерот за одбрана Јоав Галант доцна во вторникот, велејќи дека довербата меѓу двајцата мажи „опаднала“ во последните месеци, пренесува Вашингтон пост.
И покрај тоа што служеше во владата на премиерот, Галант јавно го критикуваше Нетанјаху поради неговиот пристап кон војната во Газа и неуспехот да се постигне договор за заложници.
Нетанјаху се обиде да го отпушти Галант минатата година поради неговите критики за плановите на владата за реконструкција на судството, но премиерот се повлече по јавното негодување.
Со одобрение од законодавството, министерот за надворешни работи Израел Кац ќе ја преземе функцијата за 48 часа, рече Нетанјаху.
„Безбедноста на државата Израел отсекогаш била и ќе остане мојата животна мисија“, рече Галант во објава на Х без да го спомне неговото отпуштање.
Подготви: Д. Мишев