Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неделата вети дека ќе ја „заврши работата“ против Иран со поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Нетанјаху зборуваше заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е во посета на Израел во своето прво официјално патување во регионот откако ја презеде функцијата.
„Во текот на последните 16 месеци, Израел и нанесе силен удар на иранската терористичка оска. Под силното водство на претседателот Трамп… Не се сомневам дека можеме и ќе ја завршиме работата“, рече Нетанјаху.
Американските разузнавачки агенции неодамна ги предупредија и администрациите на Бајден и на Трамп дека Израел најверојатно ќе се обиде да нападне објекти клучни за иранската нуклеарна програма оваа година, според извори запознаени со проценките.
Подготви: Д. Мишев