„Секој граѓанин има право да гласа за претставници кои навистина ги застапуваат неговите потреби.
Во оваа нова платформа веќе се вклучени иницијативите Шанса за Центар , Независни За Карпош – За Заштита На Карпош , Зелените Од Гази Баба , граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови, а остануваме отворени и за други иницијативи од целата држава“, стои во нивното соопштение.
Во соопштението се вели дека Зелен Хуман Град одлучил да се регистрира како партија и самостојно да настапува на локалните избори.
„Ние останатите остануваме верни на вредностите на солидарност, заедништво, инклузивност и доверба.
Ги информираме граѓаните дека платформата што ќе ја основаме формално мора да биде регистрирана како партија, а за тоа ќе ни биде потребна вашата поддршка. Законот дозволува потпис само за една опција, па затоа транспарентно информираме дека потпис за нашата заедничка граѓанска платформа и потпис за која било друга нова партија, вклучително и на ЗХГ, не може да се даде истовремено. Ќе мора да се направи изборот за тоа каде ја гледате вистинската граѓанска алтернатива во моментов“, велат независните граѓански иницијативи.
Во следниот период се очекуваат повеќе информации во врска со процесот на поддршка и кандидатските листи и кандидати.