• Latest

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025 15:10
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Изборниот процес во Северна Македонија повторно се најде во фокусот на јавноста поради контроверзиите околу измените и дополнувањата на Изборниот законик. Иако имаше иницијативи за олеснување на условите за учество на независните кандидати на локалните избори, Собранието не успеа да донесе конечна одлука.

Политичка математика и пропуштени шанси

Амандманот предложен од Левица, со кој независните кандидати би требало да соберат потписи од само 0,5% од регистрираните гласачи во општината, наместо 1%, беше прифатен. Но, Собранието не ги изгласа измените, оставајќи ја судбината на независните листи во правна и политичка неизвесност.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, иако изразија жалење за „пропуштената шанса“, во јавноста беа доживеани како политички субјекти кои повеќе калкулираат со моменталната ситуација отколку што имаат вистинска намера да создадат услови за фер и инклузивни избори. Што не е прв пат и не исклучиво за независните кандидати.

А тука е и бадентеровото мнозинство кое го немаше и за кое се обвини Европски фронт (читај ДУИ, кои на крај не гласаа), покажувајќи колку е широка политичката поддршка на 2/3 од пратениците.

Независните во гнев, институциите во контрадикција

Граѓаните кои стојат зад независните листи реагираа остро – сметаат дека се доведени во нерамноправна позиција, а со тоа и директно им е ограничено уставно загарантираното право на учество на избори. Додека законодавната власт не успеа да постигне консензус, ДИК излезе со одлука независните кандидати да можат да учествуваат на изборите со само два собрани потписи.

Ова дополнително ја отвори дилемата: дали институциите постапуваат во согласност со законот или пак се приспособуваат кон моменталните политички притисоци?

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко гласаше за Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи поднесени од група избирачи, сметајќи дека таков каков што е ќе помогне во непречено одвивање на изборниот процес, но дека не се согласува со него.

„Сметам дека треба да биде без собирање потписи, но со Правилникот се предлага најмалку два потписи од два избирачи, што во суштина не менува ништо, заради што ќе гласам за овој правилник“ рече Кондарко.

Демократија на тест

Овој заплет ја става под прашање стабилноста и предвидливоста на изборниот систем. Наместо јасни правила и еднакви услови за сите, гледаме ситуација во која независните кандидати се движат меѓу ригидни барања, ад хок одлуки и политички калкулации.

Случајот уште еднаш ја отвори темата: дали македонската демократија е подготвена да им обезбеди вистински простор на граѓанските иницијативи и независните кандидати, или пак останува целосно контролирана од големите партии? Иако го знаеме одговорот на ова прашање.

Што со другите предлог–измени?

Не е првпат предлог-измени на Изборниот законик да се носат по скратена постапка по распишувањето на изборите. Тоа што не поминаа на Собрание, може да се толкува на повеќе начини, најмногу во контекст на независните кандидати, затоа што она што го содржи како предлог не менува ништо во контекст на постојниот Изборен законик и на самиот изборен процес.

А се ставија со собраниска процедура под изговор дека „Промените имаат за цел да обезбедат појасна, транспарентна и инклузивна изборна рамка, што ќе ја зголеми правната предвидливост и ги исполни препораките од домашни и меѓународни набљудувачи (ОДИХР)“.

Ако ја ставиме настрана техничката усогласеност на министерствата, поради нивно спојување или раздвојување со промена на власта по парламентарните избори 2024 (се заменува „Министерството за труд и социјална политика“ со „Министерство за социјална политика, демографија и млади“ — усогласување со актуелните организациски структури), останува уште една одредба со предложените, а не усвоени измени –дефинирање на интернет портали.

Во поимникот на Законикот (Член 2) се додава нова точка 26-а: „Електронски медиуми (интернет портали)“ — дефинирани како онлајн медиуми регистрирани во Регистарот на издавачи на онлајн медиуми, што ја усогласува легислативата со Законот за медиуми.  – кој нема директна врска со самиот поимник, ниту пак местото им е во самиот член 2 точка 26 кој гласи: “Платено политичко рекламирање“ е директен пристап на учесниците во изборната кампања до избирачите, преку кој за паричен надоместок се промовираат изборните програми, ставови и кандидати. Видови на платено политичко рекламирање се огласи, соопштенија, политички изборни спотови, музички спотови што функционираат како химни на учесниците во изборната кампања, преноси или снимки од митинзи, средби и други настапи на учесниците во изборната кампања.

Ставот на ЦИВИЛ

Активното и пасивно избирачко право е темел на демократија Секое ограничување или административна бариера што им оневозможува на независните кандидати и граѓанските иницијативи да учествуваат на изборите претставува директен удар врз демократијата и плурализмот.

ЦИВИЛ потсетува дека независните кандидати се суштински дел од изборниот процес, бидејќи по правило треба да обезбедат простор за граѓанска застапеност надвор од партиските рамки.

ЦИВИЛ изразува сериозна загриженост за начинот на кој се третираат независните кандидати пред локалните избори и начинот на кој не се почитуваат донесените одлуки, пред сè на Уставниот суд кој ги укина спорните членови со кои се доуредуваат членовите 61 и 62 и одолговлекувањето да се усвојат предлог – измени кои би ја подржале одлуката на Уставен, доцнењето со ставање на гласање на Предлог-законот и немањето политичка волја и поддршка од пратениците тие да се усвојат, правниот вакуум во кој се доведе ДИК спуштајќи го прагот на два потписи.

Ова може да доведе кон понатамошни правни анализи и можни измени во иднина, доколку Собранието донесе нови законски одредби.

Надлежните институции мора да обезбедат рамноправни услови за сите учесници на изборите. Демократијата не смее да биде заложник на политички калкулации и институционална блокада.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ