• Latest
Фото: МИА

Собранието не ги изгласа измените во Изборниот законик

August 16, 2025
„Украина и иднината на Европа“, Лондон, 7 септември 2026

Повеќе од 200 учесници на „Украина и иднината на Европа“ во Лондон – парламентарци, медиуми и граѓанско општество во заедничка дебата

September 7, 2026
Путин - Виткоф, 5 септември 2026

Од срамно додворување на Путин до преговори со Зеленски: Виткоф ништо не постигна и по осмата посета на Москва

September 7, 2026
Томас Шулце, БСВ

По изборите во Саксонија-Анхалт: АФД убедливо победи, ЦДУ пред тешки дилеми, БСВ и Левицата клучни за формирањето на власта

September 7, 2026

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Собранието не ги изгласа измените во Изборниот законик

August 16, 2025 17:55
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори.

Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но со оглед дека санува збор за решение кое се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички заедници беа против, а 11 гласаа „за“.

Во текот на седницата прв за збор се јави Скендер Реџепи од движењето „Попули“, коалиција Европски фронт, кој оцени дека поднесените измени се политички, антиевропски и спротивни на Уставот и постоечките закони.

-Пред нас имаме Предлог-закон кој е во интерес на власта, а не и во интерес на граѓаните. Целта му е да ги заштити интересите на владејачките партии. Денеска ќе посведочиме кој има легитимитет, кој има право да го претставува Бадентер. Ние сакаме да ја браниме консензуалната демократија зашто ја имаме силата на Бадентер, истакна Реџепи, обвинувајќи дека Владата е моноетничка.

Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ забележа дека Реџепи зборува за теми кои, како што рече, воопшто немаат врска со предметните измени и дополнувања. Додаде и дека очекува при гласањето да биде злоупотребен Бадентер.

-Нашето конкретно законско решение беше соодветно на сите препораки, процент од бројот на запишани избирачи да се соберат како потписи за да не настане какафонија со т.н. пасивно избирачко право. Сакајќи да покажеме дека не само што не се плашиме, туку и поддржуваме активно демократско учество, решивме да прифатиме и еден од амандманите на другите политички партии. Ја симнавме на 0,5 отсто бројката што се бара за потписите за независни листи. Ова што ќе се случи сега, една исклулчително благодарна идеја – Бадентер, ќе видите како ќе се злоупотреби. Ќе се бара, односно се бара нешто што воопшто не е дел од овој Изборниот законик, да се пазариме за ова да помине. Тоа ние нема да го дозволиме. Граѓаните ќе видат кој нема да сака да го прифати овој Изборен законик и ќе ја пратат пораката на локалните избори. Ние бевме подготвени за сите отстапки, само за да се регулира процесот, за локалните избори да поминат најдобро што можат, нагласи Карапејовски.

На ова реплицираше Елми Азири од Алијанса за Албанците, коалиција Европски фронт, кој во измените и дополнувањата на Изборниот законик препозна скриен договор.

-Карапејовски на крај го истакна главниот елемент, дека ви смета Бадентер. Целта е да се урне главниот заштитен механизам кој извира од Охридскиот рамковен договор. Прв пат во овој плурализам темите на Изборниот законик се дискутираат без компромис и консулатации со опозицијата. Јасно е дека се демонстрира подготвеност да се елиминира се што е постигнато со меѓуетничката кохезија, рече Азири.

На тоа Карапејовски одговори дека Бадентер треба да ги заштити сите немнозински заедници, а Македонија, подвлече, не е бинационална држава и во неа не се само албанските, туку има и други гласачи.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски беше дециден дека „ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, „и пречи дури и прагот од 0,5 отсто“.

Претпладнево измените беа ставени на дневен ред на собраниската седница за да бидат донесени по скратена постапка. Потоа за нив расправаа матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги проследи на натамошна постапка во Собранието, усвојувајќи го амандманот од Левица – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), наместо првично предложеното решение кое предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ