• Latest

Ни Јанкуловска не сакала да бега, оти 20 години се борела за интересите на Македонија!

July 21, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ни Јанкуловска не сакала да бега, оти 20 години се борела за интересите на Македонија!

July 21, 2017 15:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Фактите се на моја страна. Давам ветување, и ќе инсистирам на побрзо завршување на судската постапка. Последното што ми паѓа на памет е да бегам. Против мене се изнесоа многу невистини и сакам сето тоа да се расчисти. Не сум сторила ниту едно кривично дело, 20 години работам во интерес на Република Македонија, во институции кои се борат против криминалот. Неосновано е за мене да се бара притвор бидејќи ако некој нема интерес од бегство – тоа сум јас“, рече поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, на денешната јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје. 

Специјалното јавно обвинителство побара притвор за Јанкуловска поради тоа што е обвинета за три кривични дела и ѝ се закануваат најмалку 5 години затвор. Специјалниот обвинител Гаврил Бубевски на јавнаата седница рече дека за Јанкуловска постои сознание и доказ дека влијаела врз член на партијата од ВМРО-ДПМНЕ, кој е сведок во постапката.

Одбраната на Јанкуловска тврди дека тие имаат сознание дека сведокот, за кој зборува СЈО, претходно била обвинета во постапката, и според нив, ова е доказ што е прибавен на незаконит начин. Адвокатот Боро Тасевски, образложувајќи ја жалбата, наведе дека Јанкуловска е дипломиран правник со висока акдемска титула од областа на правните науки и дека не заслужува ваков третман.

И поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески рече дека не го сторил кривичното дело и дека чека да почне судската постапка за да докаже дека е невин.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски побара да му биде вратен пасошот и пред судот рече дека соработувал во истрагата и дека не постојат никакви основи да му биде определен притвор.

Пред судот единствено не се појави поранешниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протоѓер. Според неговата одбрана, Протогер бил на лекување во Будимпешта кога му биле одредени мерки. Веднаш се вратил во Македонија, го предал пасошот и го продолжил лекувањето во Македонија.

Вчера, судиите од скопска Апелација ја отфрлија и жалбата на обвинетиот од СЈО, актуелен пратник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски – да му биде вратен пасошот, и го потврдија решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, од Скопје.

Димовски во жалбата наведува дека не постои опасност од бегство, се јавувал на сите покани од СЈО, и дека доколку имал намера да бега, досега имал доволно време да го стори тоа. На Димовски не му е јасно од кои причини и врз основа на кои конкретни докази, судот го темели заклучокот дека е потребно да бидат определени мерки за претпазливост.

Tags: Апелационен судГордана ЈанкуловскаИлија ДимовскиМартин ПротугерМиле ЈанакиевскиСЈОТитаник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ