Цивика Мобилитас денеска го започна четвртиот Национален форум „Ние, двигателите на промени“, во 11:30 часот со воведните обраќања на Александар Кржаловски, национален лидер на Цивика Мобилитас, Н.Е. Амбасадорка на Швајцарија во Македонија Сибил Сутер Тејада и Петруш Тоинес, меѓународен лидер на Цивика мобилитас.Во фокусот на овогодинешниот Национален форум се резултатите од досегашнаТА работа на граѓанските организации што се дел од програмата на Цивика Мобилитас, вкупно 210 организации, а исто така форумот отвори можност граѓаните одблиску да се запознаат со организациите, нивните залагања, предизвици и проекти.
„Во последните две-три години иницијативите на граѓанското општество обезбедија опипливи промени во земјата што го потврди потенцијалот за зголемување на неговото влијание. Секако, свесни сме дека овие реформи се уште се далеку од очекувањата на граѓаните, но барем постои добра основа за дијалог и отвореност за соработка“, изјави амбасадорката на Швајцарија на отварањето на форумот.
Вчерашниот ден Цивика Мобилитас го посвети на граѓанските органзиации што во изминатите четири години беа дел од нивната програма со цел размена на искуства и презентација на шпстигнатите резутати. Десетте оранизации што ги презентираа своите постигнувања беа оценувани и истите беа наградени со суми од 3.000 до 5.000 швајцарски франци како признание за нивните посебни постигнувања.
За денешниот ден предвидена е дебата на тема „Влијанието на граѓанското општество“ и паралелни сесии и посета на изложбени штандови.
Б. Ј.