поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
ДУИ со предизборна коалиција со СДСМ, ги доби скоро сите градоначалници. Сега на Али не му се свиѓа со СДСМ коалиција да прават другите албански партии.
Освен тоа, на последните парламентарни избори, бројот на Албанците кои гласаа за СДСМ не беше многу помал од оние кои гласаа за ДУИ. Затоа, никој нема право да се удира в гради дека само тој е претставник на Албанците.
А ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО РЕКЕТ…
И да треба и да се сака, РЕКЕТ и Заев не може да дојдат на ред, сѐ додека за десетгодишниот криминал и корупција, од нивната заедничка удба откриени со тајно прислушуваните разговори, не бидат правосилно казнети функционерите на ДУИ и ВМРО, кои се обидуваат повторно заеднички да дојдат на власт.
Има изгледи ова во Македонија да се оствари само ако ЕУ, и по добивањето на датумот, инсистира фактички да владее правото, а не, како до сега, да верува на вербалните ветувања на Западнобалканските корумпирани политичари.