Надлежноста за следење на изборите не е нешто ново за ДКСК, но со новиот закон надлежностие се многу зголемени, со рокови околу евентуални приговори. Законот врши разграничување. Пригиовор може да поднесе учесник или овластен набљудувач.
„Врз основа на искуствата од минатата година оваа година солидно се спремивме со тоа што успеавме да издејствуаме измени во Изборниот законик. Имаме директен пристап до сметките на партиите и на дневна база имаме мониторинг. Дневно следиме колку, за што и како е платено, вели Николова и додава дека оваа година имале подршка од ИФЕС, меѓународна организација за следење на финансирањето на политичките партии“, додава Николовска
Во фазата кога беа измените на Изборниот законик, вели Николовска, ние настојувавме порталите да бидат исклучени од процесот на платено политичко рекламирање.
„Ние не знаеме колку портали имаат законска можност да работат а не пак да рекламираат. Но Изборниот законик пројде како што пројде, предвидено е да не може да се исплатат повеќе од 15.000 евра без пресметан ДДВ, што сметам дека е прилично голем износ за таков вид на рекламирање. Јас инсистирав тоа да биде регулирано, но и тоа не пројде бидејќи како што знам најмалку 6 месеци треба да биде регистриран порталот за да учествува во кампањата. Знаеме на кој начин се формираат, кој и на каков начин ги ормира. Тука ние немаме ни знаење, ни човечки капацитети да го следиме тоа, но се надеваме дека со помошна „Цивил“ ќе добиеме некакви насоки за делување. Они беа подготвени во овој дел за следење на рекламирањето преку порталите, така што извештаите ќе дојдат до нас, ќе ги имаме предвид и кога ќе ги сумираме резултатите се надевам дека ќе излеземе со проценка“, вели Николовска.
извор: Слободен печат