• Latest
Фото: Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски

Николовски: Имотот ќе го пријавуваат сите административци кои даваат услуги на граѓаните

April 19, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Имотот ќе го пријавуваат сите административци кои даваат услуги на граѓаните

April 19, 2021 08:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски

Фото: Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски

Share on FacebookShare on Twitter

Изјави за состојбата на имотот и за судир на интереси ќе пријавуваат и сите административци кои даваат услуги на граѓаните, најави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски.

– Воведуваме нов систем и ова е целосна трансформација на општеството. Во моментот, изјави за состојбата со имотот и изјава за судир на интереси даваат избрани или именувани лица и функционери, но сега со измените кои се предвидуваат, тоа ќе го прават и раководните структури во институциите, како инспектори, цариници, вработени во Катастар, во УЈП, секаде каде граѓаните остваруваат права, а е можна корупција, истакна Николовски во гостувањето во централниот дневник на „Сител“.

Според него, треба да се следи состојбата и на овие лица со цел да се придонесе кон намалување на корупцијата.

– Да знаеме дали некој од катастар има тесна соработка со некое приватно биро за катастар, дали некој инспектор има своја сопствена фирма, да ги пријават акциите, уделите во фирми, имотот, и сметаме дека треба да се следи и нивната состојба и со тоа да придонесеме да се намали корупција, за која треба широк опсег и многу мерки, рече Николовски.

Дигитализацијата и елеминирањето на човечкиот фактор, според него, се клучни во борбата против корупцијата и затоа, како што вели, најавени се сет на мерки и политики на укинување на одредени документи кои граѓаните ги вадат.

– Ќе нема потреба граѓаните да вадат извод од матична книга на родени и тоа да го прават физички, туку добивањето на документите да го прават електронски. Институциите не треба веќе од граѓаните да ги бараат документите, туку сами да ги влечат од националниот регистар на население каде ги има сите информации – за лична карта, пасош, уверение за државјаноство или изводите. Целиот процес ќе се дигитализира, а на крајот и во борбата против корупцијата нема да имаме предмети што ќе стојат во фиока, рече Николовски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ