• Latest

Николовски: Ова е година за борба против корупцијата

March 7, 2021

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Ова е година за борба против корупцијата

March 7, 2021 11:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата најави дека оваа година ќе биде антокорупциска и дека влегува во бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот на сите нивоа и токму поради. Минатата недела го презентираше и Планот за борба против корупцијата кој меѓу другото предвидува борба против корупцијата во Владата но и на, како што најавија, демонтирање на режимските остатоци од поранешната влада.

Во однос на деталите од Планот за борба против корупцијата и неговото спроведување, вицепремиерот Николовски за МИА појасни дека со посебна мерка задолжени се сите седум антикорупциски надлежни институции да се поврзат на Националната платформа за интероперабилност за седумте надлежни органи за борба против корупција, платформа која обезбедува навремена размена на податоци по електронски пат за предмети поврзани со корупција.

„Она што можам да го наведам сумирано е дека најголем проблем преставува системската поврзаност на институциите и брзата и ефективна дигитална размена на документи и ние активно работиме и ќе работиме во идниот период за надминување на овој проблем. Исто така еден дел од институциите се соочуваат со недоволна кадровска екипираност како што е случај со УЈП или истражните центри на јавното обвинителство каде што отсуствува кадар за сериозни финансиски истраги. Исто така сериозен недостиг е легислативата и правните рамки кои понекогаш се во колизија  и се недоречени во однос на надлежностите на различни институции“, појасни Николовски.

Во однос на извештајот на Транспаренси Интернешнл, вицепремиерот вели дека не може да се очекуваат брзи резултати и позитивни рангирања после 11 години режим. Потенцира дека овие извештаи уште повеќе ги мотивираат, да бидат посилни во борбата против корупцијата и криминалот и дека како Влада, со разрешници на предметите за висока корупција, со завршени со правосилни пресуди на огромен број на случаеви поврзани со претходниот режим и докажале на опозицијата дека обидите за дејствување против правната држава им се залудни.

Локалната самоуправа клучна во борбата против корупцијата – општините  се местата каде граѓаните секојдневно се обраќаат за услуги што ги засегаат

Една од мерките од Планот кои се однесуваат на локалната самоуправа, а којашто општините треба да ја спроведат без интервенција во законите е да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување согласно Законот за заштита на укажувачи и да го објават назначувањето на нивните веб страници.

– На овој начин го усовршуваме функционирањето на системот на укажувачи за да го извлечеме максималните законски можности преку јасен протокол за заштита на укажувачите. Или, практично, ова значи дека ако некој жител на конкретна општина кај кого се врши инспекцискиот надзор, се сомнева дека општинските инспектори со своето постапување преземаат мерки надвор од законот, тој жител на општината може да го пријави општинскиот инспектор кај овластеното лице за прием на пријави заради заштитено внатрешно пријавување, назначено од општината. На овој начин ќе се подигне свеста кај граѓаните и храброста да пријавуваат  случаи на коруптивно делување, појаснува Николовски за МИА.

фото: МИА

Со Планот е предвидено општините да изготват интерни процедури за спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализација на договорите, согласно образецот на интерни процедури кој е составен дел на Практичниот водич низ јавните набавки издаден 2020 година. Заради прецизирање на активностите внатре во самата општина, во смисла на тоа кој ја подготвува техничката спецификација, а кој е одговорен за реализација на склучениот договор по спроведената јавна набавка, според Николовски, овие процедури можат практично многу да помогнат. Овие процедури, вели тој, обезбедуваат сигурност дека во сите органи, па и во општините, за сите постапки за јавни набавки ќе има определено лице кое ќе се грижи за реализација на договорот и навремено објавување на известување за реализиран договор на електронскиот систем за јавни набавки.

-Веруваме дека на овој начин ќе се подобри планирањето на јавните набавки со што ќе се  надминат состојбите кои многу често доведуваат до потреба од склучување на анекси на договорите за јавните набавки, со што обезбедуваме економичност во трошењето на државните финансиски средства при склучувањето на јавните набавки, уверува Николовски.

Задолжителна Антикорупциска програма на општините

Точката 12 од Планот за борба против корупција наложува општините да изготват Антикорупциска програма со активности кои опфаќаат анализа на ризични области за корупција, недостатоци во законите, евентуални причини и фактори за корупција како и  мерки за јакнење на алатките за транспарентност и отчетност.

На пример, секоја општина има право да подготви и да спроведе програми од интерес за локалното население. Со некоја од тие програми може да се обезбедува помош за социјално ранливи категории на граѓани од самата општина. За да бидат сите сигурни дека ваков вид на помош ќе добие оној којшто му е потребна и исполнува критериуми, а не оној кој условно кажано  „има врски“ во општината, во рамки на овие годишни антикорупциски програми ќе бидат соодветно пропишани процедурите за постапување при реализација на овие програми.

Секоја општина ќе треба да ги детектира ризичните области за корупција во рамките на делокругот на работењето, како и причините, условите и факторите кои потенцијално се ризик за корупција.

-Веруваме дека на овој начин ќе се обезбеди и јакнење на капацитетите на институциите, со особен акцент на јакнење на  интегритетот на вработените, но и навремено постапување во врска со остварување на потребните услуги кон правните и физичките лица, преку  воспоставување на ефикасен систем на мерки кои ќе овозможат превенција и борба со корупцијата, истакна вицепремиерот за борба против корупција.

Предвидено намалување на бројот на членови на управни и надзорни одбори

Планот содржи мерка за намалување на бројот на членовите на управните одбори, условите за именување на членови во управни и надзорни одбори и нивна одговорност, висината на надоместокот да биде во согласност со одржаните седници. За МИА информира дека веќе се детектирани слабите точки во постапките за вработување и унапредување на административните службеници и вработените во јавниот сектор, како и дека се подготвува и анализа на содржината и на спроведувањето на Етичкиот кодекс за административни службеници, којшто ќе подлежи на  ревизија, со цел подобрување и доближување до секој службеник.

Планот предвидува и воведување единствен Регистар за службените возила, што ќе значи строго регулирање на начинот на користење на службените возила, а во однос на поттикнување на администрацијата да работи навремено, професионално и во служба на граѓаните и бизнис секторот, со Планот се  воведува систем за следење на предмети и претставки преку отворање на повикувачки центар. Граѓаните и фирмите на едно место ќе можат да пријавуваат случаи на корупција, ненавремено или несоодветно постапување од надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.

Спроведувањето на Планот содржи задолженија за многу институции, со утврдени рокови, а вицепремиерот Николовски е дециден дека секоја институција е должна да постапува согласно утврдените задолженија.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ