• Latest
Фото: Архива

Никсон пред 30 години ја најавил војната во Украина

July 24, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Никсон пред 30 години ја најавил војната во Украина

July 24, 2023 09:35
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Архива

Фото: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот американски претседател Ричард Никсон уште во 1994 година, еден месец пред да почине, го предупредил тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон преку писмо дека доколку има конфликт во Украина, војната во Босна и Херцеговина ќе изгледа како „забава во градина“.

Содржината на писмото по декласификацијата ја објави претседателската библиотека на Клинтон, а професорот по историја Лук Ничер зборуваше за неговата содржина за „Волстрит џурнал“.

Во писмото од седум страници од 21 март 1994 година, Никсон дава јасна оценка за политичката ситуација во Русија, прецизно предвидувајќи дека односите меѓу Москва и Киев ќе се влошат и дека некој како Путин ќе дојде на власт, наведува Ничер.

Никсон во писмото го советува Клинтон да го зајакне американското дипломатско присуство во Кијив, бидејќи американските бизнисмени му се пожалија дека Амбасадата на САД во главниот град на Украина е недоволно кадровска и несоодветно управувана.

– Буш (постариот) направи грешка затоа што беше премногу приврзан за Горбачов, поради личното пријателство. Мора да ја избегнете истата грешка бидејќи имате многу добри лични односи со (Борис) Елцин, напиша Никсон во писмото до Клинтон.

Никсон опишувајќи ја состојбата на пишува и дека „нападите на тешко пијанство на Елцин стануваат подолги, а неговите периоди на депресија стануваат се почести. Најпроблематично е што, во антиамериканската атмосфера во Думата и во земјата, тој повеќе не може да ги исполнува своите обврски кон вас и кон другите западни лидери“, ја опиша Никсон тогашната состојба на рускиот претседател.

Поради тоа Никсон му предлага на Клинтон да воспостави односи со потенцијалните наследници на Елцин.

Сепак, тој не беше сигурен кој ќе ја преземе власта во Русија, но предвиде дека од националистичката и популистичка плима во Русија може да се роди „кредибилен претседателски кандидат“.

Никсон повеќе од пет години пред Владимир Путин да дојде на власт напиша дека „сè уште нема никој во класата на Елцин како потенцијален лидер на Русија“.

– Русите се сериозни луѓе. Една од причините зошто Хрушчов беше соборен во 1964 година беше тоа што гордите Руси се срамеа од неговите груби испади и лудории во ОН и другите меѓународни форуми … Ако САД не дејствуваат на време за да го негуваат наследникот на Елцин, Русија повторно би можела да се сврти кон понационалистички, потврдокорен лидер, како кога Леонид Брежњев го наследи Хрушчов, пишува Никсон.

Иако Никсон денес многумина го паметат по аферата „Вотергејт“, тој беше движечката сила за подобрување на односите со Советскиот Сојуз за време на Студената војна, тој беше првиот американски претседател што ја посети Москва во 1972 година и потпиша договор за ограничување на стратешкото нуклеарно оружје со советскиот лидер Леонид Брежњев.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГорбачовКлинтонНиксонПутинУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result