• Latest

Ништо не научивме!

October 11, 2017

Од локални решенија до регионално влијание: Недела на циркуларна економија 2025

May 19, 2025

Каде затајува системот: Кој ги штити девојчињата од сексуални предатори?

May 19, 2025

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија

May 19, 2025

Повторно параноја за населување на „илјадници мигранти од Англија“, Мицкоски демантира дека ќе се градат мигрантски кампови

May 19, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ништо ново во Косово; Економски последици од неконституирањето на косовското собрание; Албанската влада издаде осум препораки за борба против криминалот

May 19, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за градежните зафати во општините?

May 19, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): „Да направат мал чекор да бидеме поблиску до ЕУ“; „Одете си, а попат погледнете ги цените во маркетите“; „Да се возат со јавен превоз и да работат за минимална плата“…

May 19, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор: Chronicle of Current Events)

18 мај — Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз кримскотатарскиот народ

May 19, 2025
Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Нечовечки, безобразно и некрофилски се злоупотребува трагедијата во Кочани

May 19, 2025

Алекс Собел, пратеник од парламентот на Обединетото Кралство: Парламентите мора да дејствуваат заедно за да ја запрат воената машинерија на Путин

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ништо не научивме!

October 11, 2017 11:06
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Од архивата на ЦИВИЛ

11 Октомври, 2016-та… И понатаму сме опкружени со жица. Менталитет од затворски двор. А морал на просечен затвореник…

пишува: Маја Ивановска

Разгледувајќи ги училишните тетратки на мојот седумгодишен син, налетав на цртеж посветен на денешниот 11-ти Октомври. Улица, две згради, едно знаме на Македонија и десетина раштркани човечиња со пушки. Меѓу нив, два-тројца во легната положба. Првата мисла која ми падна на памет, гледајќи го цртежот, беше реченицата која ја верглав на негови години, кога ќе нé прашаше наставничката што се случило на 11-ти октомври, 1941: „Пукнаа првите пушки во Прилеп и во Куманово“. Тогаш не бев свесна ниту за значењето на поимите востание, фашизам и угнетување. Љубопитна да го чујам неговиот одговор, како од пушка ја добив истата реченица.

На телевизорот – почетокот на Дневникот. Спикерот отвора уста, политичарите си ги раскажуваат своите приказни, нивните зборови допираат до мене, ама некој опасен гнев бара некоја поголема смисла во сето она што го слушам. Нивните насмеани лица се во целосен несклад со она што го слушам. А слушам само „бла, бла, бла, бла…“. Како во филмовите кога се случува некаков проблем во авион, турбуленција, на пример, откажува еден мотор или така нешто, па капетанот им се обраќа на патниците, со она: „This is your captain speaking…”. И капетанот секогаш има сигурен глас, едноставно, те убедува дека работите се под контрола и дека сето ова е само еден мал мизерен фрагмент на сеќавањето што ќе го прераскажеш неколку пати пред да го заборавиш.

Повторно го враќам погледот на цртежот од син ми и ме облива тага. Зарем во овие триесетина негови повлекувања со моливот  на тетратката е собрано сето знаење за овој ден? Зарем првата асоцијација на дете на седум години, за еден ваков ден се пушки и пиштоли? Се фокусирам на деталите. Знамето на Македонија, она кое го користиме од 1995 година. Висококатници кои се несвојствени за 1941-та. Ама пушките се битни! Тие први пукнале! Причината како и да не е важна…

Од телевизорот во соседната соба допираат звуци на најновата реклама на некој мобилен оператор. Животот е убав на тие реклами. Музиката е секогаш весела, сите се расположени. Да, во тие реклами луѓето имаат работа, а младите ги имаат сите заби. Следува реклама за банка. Уште повесела. Сите се среќни, радосни… Како да се на некој колективен трип. Човек би помислил дека рекламираат некаква најнова, подобрена формула на ЛСД, а не потрошувачки кредити кои ти ја дерат кожата и те вовлекуваат во должничко ропство.

Гледам во цртежот пред себе и она што го гледам, сé повеќе ме потсетува на она што ни се случува сега, а не пред 75 години. Таков е амбиентот. Човечињата сме ние, а пиштолите се отровите кои секојдневно ги блуеме еден на друг, во името на некакви ставови за кои воопшто не сме ни сигурни дали се наши. Како од борба против фашизмот, дојдовме до степен да го живееме? Свесни ли сме што правиме? Како да ги славиме оние кои се бореле против нешто на што ние широко му ги отворивме портите? Што славиме? Тоа што дозволивме да бидеме марионети за нечии интереси? Тоа што дозволивме да не поделат на наши и нивни, патриоти и предавници, подобни и неподобни, граѓани и човечиња…? Тоа што дозволивме водата која ја пиеме и воздухот кој го дишеме да ги доживуваме како награда, а не основно човеково право?

И на крајот, што, по ѓаволите, ги учиме нашите деца? Што, по ѓаволите, научивме ние? Ништо! Денес, ми се чини, одново преживувам некаква „модерна“ варијанта на 1941, во неверување, засилено од бес и гнев. Научивме да „јадеме ќотек“, затоа што ни стана полесно да го поднесеме тепањето, отколку да гледаме како некој друг, далеку посилен, малтретира некој послаб, а ние не можеме ништо да направиме… Оваа немоќ боли многу повеќе. Како да сме сите во затвор! Секако, можеме да бираме дали ќе го преспиеме денот, или ќе играме баскет, или ќе ги „пумпаме“ мускулите… Но, и понатаму сме опкружени со жица. И во такво опкружување создаваме свој микрокосмос. Менталитет од затворски двор. А морал на просечен затвореник, кој не е премногу загрижен за цената која ја плаќа за привидот на мир и спокој во својата ќелија.

Ништо не научивме! Затоа не ми зборувајте за слобода, за празници, за „децата се нашата иднина“… Не им оставивме ништо, освен понижување и срам. И купишта долгови кои ќе мора да ги враќаат не само нашите деца, туку и нашите внуци!

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ