• Latest

Алекс Собел, пратеник од парламентот на Обединетото Кралство: Парламентите мора да дејствуваат заедно за да ја запрат воената машинерија на Путин

May 19, 2025
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Алекс Собел, пратеник од парламентот на Обединетото Кралство: Парламентите мора да дејствуваат заедно за да ја запрат воената машинерија на Путин

На настанот на Вестминистерскиот сојуз за Украина, британскиот пратеник Алекс Собел повика на координирана парламентарна акција за запленување на руските средства, санкционирање на флотата во сенка и помош на Украина за постигнување траен мир на своите граници од 1991 година.

May 19, 2025 10:24
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Клучни поенти:

  • Парламентарното единство е од клучно значење: Европските парламенти мора да ги координираат своите напори – не само владите – за ефикасно да се поддржи Украина и да се растурат руските структури за финансирање на војната.
  • Флотата во сенка ја разгорува руската агресија: Собел ја истакна улогата на „флотата во сенка“ во одржувањето на воената економија на Кремљ, предупредувајќи на фрагментирани меѓународни санкции.
  • Запленувањето на средства бара прекугранична соработка: Изолираните национални напори за запленување на руски државни средства се неефикасни без заедничка акција в рамките на јурисдикциите.
  • Мирот зависи од целосен суверенитет: Целта мора да биде праведен и траен мир во Украина – врз основа на нејзините меѓународно признати граници од 1991 година, без компромис.

Транскрипт – Алекс Собел, пратеник (Обединетото Кралство)
Забелешки на настанот на Вестминистерскиот сојуз за Украина

Ви благодарам многу, Роџер. Мислам дека денес е важен ден во историјата на парламентарното дејствување за Украина. На Вестминистер не му е непознато иницирањето значајни и историски меѓународни форуми. На пример, најстарата меѓупарламентарна организација во светот беше формирана тука пред 150 години помеѓу парламентите на Обединетото Кралство и Франција.

Денес, се соочуваме со јасна геополитичка промена во однос на Украина, особено од јануари оваа година. Иако можеби има различни ставови за позицијата на САД и неодамнешните забелешки на претседателот Трамп, едно е јасно: тој изјави дека ова сега е товар за Европа да го носи. И ја слушнавме и ја разбравме таа порака. Но, овој товар не е само за европските власи – тој е, исто така, и за европските парламенти.

Денес го означува почетокот на тоа парламентарно патување. Досега, работевме поединечно во рамките на нашите сопствени групи за пријателство во националните парламенти – Забид е претседател овде во парламентот на Обединетото Кралство – а, исто така, се ангажиравме и неформално преку делегации во Кијив и неформални сојузи. Но, денешниот ден нуди можност да се формализира таа соработка и да се работи во заедничка рамка паралелно со нашите влади.

Ова започнува со Е5 и значајниот настан каде нашиот премиер, Кир Стармер, и претседателот Макрон од Франција ги собраа европските нации во Обединетото Кралство за да ја формираат Коалицијата на подготвените, по што следеше понатамошна координација во Франција. Денешната иницијатива го отсликува истиот процес во нашите парламенти.

Ќе започнеме со обединување на Е5 – Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија и Полска – но, целта е да се прошири оваа мрежа за да се одрази целосното членство на Коалицијата на подготвените, моментално составена од 31 земја. Знам дека нашиот премиер, претседателот Макрон и другите Е5 лидери – како и сите лидери на коалицијата од 31 член – го поддржуваат тоа проширување. И ние, како парламентарци, мора да го отсликаме тоа проширување преку нашите мрежи, започнувајќи со Е5 и брзо растејќи.

Оваа соработка мора да се фокусира на широк спектар на витални прашања. Токму денес бев во амбасадата на Украина разговарајќи за таканаречената „флота во сенка“, која сега обезбедува една третина од странскиот приход за руската воена машинерија. Тоа се 850 бродови кои превезуваат нафта и производи поврзани о нафта низ целиот свет, вклучително и преку територијалните води на Обединетото Кралство и меѓународните води во непосредна близина на нашите, разгорувајќи ја и војната и луксузниот животен стил на воените злосторници во Кремљ.

Сепак, постои сериозен недостаток на координација во тоа како ги санкционираме овие бродови. Додека Обединетото Кралство само што санкционираше уште 100 бродови од таа флота оваа недела, само половина од целата флота во сенка е санкционирана од која било јурисдикција. Само 25 бродови се санкционирани истовремено од Обединетото Кралство, ЕУ, САД и Канада.  Таквата фрагментација ги поткопува нашите напори.

Ова се токму видовите прашања кои нашите парламенти треба да ги разгледаат со нашите влади. По овој состанок, се упатувам во министерството за финансии за да разговарам за запленување на руски државни средства и продолжување на санкциите. Ова, повторно, се области каде што парламентарното дејствување – и уште поважно, координираното парламентарно дејствување – е од клучно значење.

Успехот зависи од координацијата низ парламентите. Овие финансиски ресурси не се наоѓаат во изолирани јурисдикции—тие се распространети низ многу. Ако една јурисдикција се двоуми или нема доверба, ништо не се движи напред. Тоа е основниот проблем кога станува збор за работи како што се запленување на средства.

Како парламентарци од 31 земја во коалицијата – и да, ги вклучувам и САД во ова, иако со свој пат – нашата улога е клучна. Ако можеме да го прекинеме финансирањето на руската воена машинерија, Украина може да ја врати својата територија и можеме да видиме траен мир заснован на меѓународно признатите граници на Украина од 1991 година. Тоа мора да биде заедничка цел на секој член на оваа коалиција.

Не може да има компромис во однос на територијалниот интегритет на Украина. Без ралика дали се работи за одбрана, економски мерки, хуманитарна помош или процес на реконструкција, сето тоа ќе бара огромна координација во рамките на оваа коалиција. Нашите парламенти не смеат да дејствуваат изолирано или во силоси. Со тоа би се одложила победата на Украина и би се продолжило повоеното закрепнување.

Затоа е од суштинско значење – не само за нашите влади да работат заедно – туку и за нашите парламенти да го направат истото.

Ви благодарам.

Превод: Н. Цветковска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ