• Latest

Ниска свест кај компаниите за заштита на индустриската сопственост

September 21, 2018
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ниска свест кај компаниите за заштита на индустриската сопственост

September 21, 2018 09:42
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија има регистрирано 123.000 трговски марки. Свеста за значењето за заштита на индустриската сопственост е ниска, но има интерес, а цената  за заштита само во Македонија не е висока.

Ова го истакнува заменик-директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски во интервју за МИА, во кое посочува дека во насока на поголема информираност на малите и средните претпријатија за значењето и користа од заштитата на индустриската сопстеност, а по повод 25 години од постоењето на Заводот, овој месец се спроведува кампања во повеќе градови, а денеска карванот е во Скопје.

Оценува дека добро е секоја фирма при самата отворање да го заштити нејзиното име и лого.

– Вообичаено луѓето не се свесни за проблемите додека не се појават. Тогаш стануваат свесни какво е значењето и придобивките од индустриската сопственост, истакнува Герасимовски и додава дека поголема се свесноста кај големите компании.

Тој вели дека искрено не можеме да бидеме целосно задоволни од свесноста на македонските компании за значењето на интелектуалната сопственост, тоа го покажуваат и бројките со кои располагаат во однос на поднесени пријави.

– Но, постојат и такви, кои се многу упатени во областа, особено кога станува збор за трговските марки и за индустрискиот дизајн. Такви се можеби 10 проценти од фирмите, истакнува Герасимовски.

Како што наведува, во Државниот завод за индустриска сопственост има вкупно 8.500 пријави за патенти од кои 10 отсто се домашни, останатите се странски, а во делот на трговските марки вкупно се регистрирани 123.000. Од пријавените 96.341 се преку мадридскиот систем, 26.486 се странски, а само македонски пријави за трговски марки се 14.644.

Тој порача дека иновативноста и креативноста имаат позитивно влијание во секојдневниот живот, а заштитата на интелектуалната сопственост е основен елемент за успешно функционирање на европскиот пазар. Од друга страна, фалсификувањето е форма на уништување на интелектуалната сопственост, затоа заштитата на правата од индустриска сопственост игра голема улога во индустријата.

Герасимовски смета дека со членството на Македонија во ЕУ и НАТО ќе се зголеми заштитата на  индустриска сопственост, а македонските компании во согласност со својата стратегија за развој ќе добијат можност да ја подобрат својата позиција на национално и меѓународно ниво што ќе овозможи успешно функционирање на македонската индустрија на европскот пазар.

Спроед него, заштитата за правата од индустриска сопственост не е скапа и чини за трговска марка 6.000 денари, додека заштита на патент е 15.000 денари. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Горан ГерасимовскиДржавен завод за индустриска сопственостЕУНАТОтрговска марка
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ