• Latest

Нискиот лет на претседателските кандидати

March 20, 2019
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нискиот лет на претседателските кандидати

March 20, 2019 16:34
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дијана Тахири

Предизборната кампања за шестите претседателски избори официјално треба да започне на 1 април. Неофицијално, кандидатите во „низок лет“ си ги промовираат своите кандидатури, првично со отворање на официјални профили на социјалните мрежи, каде што ја известуваат јавноста за своите предизборни активности. ЦИВИЛ веќе спроведува долгорочен мониторинг на изборниот процес, а од денеска ќе води „изборна хроника“ на предизборните активности на претседателските кандидати и на структурите што ги поддржуваат, со цел да се детектираат нерегуларностите во предизборната кампања, што е дел од предизборниот мониторинг на организацијата.

Кандидатурите треба да се достават најдоцна до четврток пред полноќ во Државната изборна комисија, за да се утврдат на време евентуални неправилности. Независниот кандидат Блерим Река е првиот кандидат што ја достави својата кандадатура во ДИК.  Се очекува и Пендаровски и Силјановска до утре да си ги достават своите кандидатури.

Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ,  на својата официјална страница на Фејсбук ја известува јавноста дека ја финализира својата програма, и бара од јавноста помош за нови идеи. Очигледно е дека Силјановска веќе ја има започнато својата кампања, преку која ги изразува своите ставови и упатува остри критики кон политиките на сегашната власт и нејзиниот кандидатски опонент, Стево Пендаровски.

„Додека нашите властодршци како средновековни господари се гоштеваат на царски балови, Животот кој го ветија на македонските граѓани дојде само за нивните семејства. Република Македонија е социјална држава, а СДС направија пародија и од темелните вредности на уставот и од својата наводна “идеологија”. Дури 1% oд граѓаните имаат 14% од вкупниот приход. Ова зборува за огромна раслоеност меѓу 1% богати и останати сиромашни и не прави најнееднаква земја во Европа во однос на приходи. Стево можеби ти не го чувствуваш на твоја кожа, но Македонија е поделено и обесправено општество.“, пишува Силјановска на една од објавите на нејзината официјална страница на Фејсбук.

На официјалната страница на Фејсбук на претседателскиот кандидат од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски може да видиме многу фотографии од неговите посети на разни делови на земјата, во комуницира со евентуалните гласачи. Позитивна (не)официјална кампања, без говор на омраза, но веќе видена од минатите претседателски избори. Со додаток – успехот за издејствуваното членство во НАТО, а посебен акцент на здрави меѓуетнички односи и подеднаква грижа за сите граѓани без исклучок.

„Како претседател, силно ќе се спротивставам на секој обид на политичките партии за кочење или блокирање на државата. Партиите мора да се однесуваат одговорно, а напредокот на државата мора да биде над партискиот интерес.“, пишува Пендаровски на една од своите објави на официјалната фејсбук страница.

На својата страница, Пендаровски нема назначено ниедна академска титула.

На официјалната Фејсбук страница на независниот претседателски кандидат Проф. Д-р Блерим Река, преовладуваат видео објави од неговите гостувања на дебатни емисии во земјата и надвор од неа, во својство на претседателски кандидат, без речиси ниедно обраќање до електоратот, во манир на изборна кампања, освен јавната благодарност за поддршката од 10.000 потписи за неговата кандидатура.

На своите официјални страници, кандидатката и кандидатите го осудија терористичкиот напад во Нов Зеланд, и изразија жалење за семејствата на загинатите и граѓаните на Нов Зеланд, и повикаа на мир и толеранција помеѓу сите народи во светот.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ