поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
За да ја задолжиш државата со 800 милиони евра, со издавање на еврообврзница, не е потребна ниту „неисцрпна работа на професионална администрација во министерството за финансии”, ниту толку „стабилна политичка клима и релаксирани меѓуетнички односи”, ниту инвеститорите нашата економија да ја сметаат за „нискоризична”, услови што, според министерот, постојат во Македонија.
*
За странските кредитори најважно е тоа што за враќањето на долгот, било со висока или ниска камата, гарантира државата со парите на буџетот што се полни од даночните обврзници, колку сиромашни да се тие.