Денес е навистина тешко да се стаса до питорескното селце Псарадес на грчката страна од Мала Преспа, каде што за неколку минути министрите за надворешни работи на Грција и Македонија треба да го потпишат договорот што ќе го реши долгогодишниот спор околу името на нашата држава.
Од граничниот премин Меџитлија, од каде што е што поминуваше вашиот известувач, па сѐ до Псаридис (нешто помалку од 80 километри), имаше пет ригорозни полициски контроли, кои ги проверуваа патниците.
На две места имаше и демонстранти против најавениот договор, меѓутоа се’ заедно не беа повеќе од 50 луѓе. Уште од вчера во Псарадис е наместен шаторот каде што треба да се потпише договорот, а на местото на настанот се присутни преку сто новинари плус сниматели и фоторепортери.
текст и фото: Звездан Георгиевски