НЛБ Банка, согласно моменталните случувања со пандемијата на коронавирусот, а во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, од денес ќе почне исплата на пензиите.
Од Банката информираат дека од денес до 27-ми овој месец ќе пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 28 март пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката.
Од банката наведуваат дека поради моменталната кризна ситуација, експозитурите на Банката имаат изменето работно време, па затоа се препорачува пред посета на некоја експозитура да се провери работното време на веб страницата на Банката: www.nlb.mk
Банката апелира да се намалат посетите во експозитурите, при што на клиентите на располагање им стои широка мрежа банкомати со 24- часовна достапност. Исто така,наедуваат дека со цел намалување на користењето на готовина, средствата на клиентите им се достапни за вршење на безготовински трансакции со платежните картички или преку електронско и мобилно банкарство.
И Стопанска банка АД Скопје информира дека денес ќе ги исплати пензиите за корисниците на дебитни картички, кои средствата ќе може веднаш да ги користат во трговија или на банкомати.
Како што наведуваат од банката, исплатата на шалтер ќе биде возможна од сабота, кога ќе бидат отворени сите 55 филијали на Стопанска банка од 8 до 13 часот, со цел да се овозможи клиентите да располагаат со средствата, а притоа да бидат заштитени од непотребни гужви што се опасни за колективното здравје.