• Latest
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Нема потврда за наводите на ВМРО-ДПМНЕ за поткуп на гласачи

October 26, 2017

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нема потврда за наводите на ВМРО-ДПМНЕ за поткуп на гласачи

October 26, 2017 17:39
in ПОЛИТИКА
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

Дипломатската офанзива на ВМРО-ДПМНЕ се состоеше од еден преглед од извештаи, односно навестувања за поткуп на гласачи, за кои ЦИВИЛ – Центар за слобода доби информација дека лично лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го доставувал до претставниците на меѓународната заедница, во деновите пред првиот круг на локалните избори. Документот беше објавен на медиуимската платформа на ЦИВИЛ во целост, без скратувања и коректура на 5 октомври.

Истовремено, ЦИВИЛ го достави документот и до своите набљудувачи, од кои беше побарано да посветат посебно внимание на овие наводи и да побараат потврда за било каков случај што би можел да ја потврди вистинитоста на овој документ.

Во тие денови, ЦИВИЛ достави писмо до лидерите на неколку политички партии кои имаат претставници во парламентот, меѓу кои и до Никола Груевски, во кое организацијата го покани да ги пријави случаите на кршење на Изборниот законик. Груевски или некој негов соработник не одговори на оваа покана до моментот на објавување на овој извештај.

Првиот впечаток од споменатиот документ беше дека речиси сите наводи за поткуп на гласачите се во идно време, односно претставени како предвидување.

Во секој случај, документот беше третиран сериозно и беше побарано набљудувачите на ЦИВИЛ да внимаваат на теренот пред изборниот ден и на самиот ден на гласање. Заклучокот од оваа активност на набљудувачите е дека тие не открија ниедна потврда за наводите на ВМРО-ДПМНЕ за поткуп на гласачите.

Тимовите на ЦИВИЛ побараа и поголем дел од луѓето кои беа споменати. Дел од нив, во текот на изминатите неколку недели и самоиницијативно, откако го прочитале текстот на ЦИВИЛ Медиа, испратија деманти, кои ЦИВИЛ Медиа ги објави.

Дел од извештајот на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше на поткуп на гласачи во Кочани. Во дописот на ВМРО-ДПМНЕ се обвинува Пеце Георгиев, главен инспектор во ПС Кочани за главен за поткупот на ромското население, а Аки Акиов, независен советник во Советот на општина Кочани, за негова десна рака.

Акиов ги демантираше обвинувањата и во демантот испратен до ЦИВИЛ Медиа изјави дека тие се навреда и повреда на неговиот личен интегритет и е обид за намалување на угледот кој тој го ужива кај ромската заедница во Кочани.

Во документот кој ЦИВИЛ го објави е спомената и директорката на Центарот за социјална работа, Нада Величкоска. Наводно, во соработка со Башким, шефот на Општинскиот изборен штаб на ДУИ, се обидува да изврши поткуп кај турското и ромското население.

Нада Величкоска со демант до ЦИВИЛ Медиа ги отфрли обвинувањата како лага и злоупотреба. Што се однесува до лицето Кашмир Салиу, наведено во документот, веројатно како извор на наводните информации, Величкоска тврди дека воопшто не го познава. Во нејзиниот демант, Величкоска истакнува дека, во случај да дознае кој го злоупотребил нејзиното име во ваков контекст, ќе поднесе тужба.

За Валандово, според информациите на набљудувачите на ЦИВИЛ, посочениот Миле Зечевиќ, функционер на СДСМ, воопшто не се појавил во тој регион, а за активности поврзани со евентуален поткуп на гласачите од страна на активисти или функционери на СДСМ, нема никакви податоци, според изјавите од претставници од турската заедница, за која се вели дека била мета на поткупот.

За вршење на поткуп кај ромското население во Кавадарци, наведени се Лазар Тулиманџов – Галис, активен член на СДСМ, директорот на Македонски шуми, Зоран Георгиев и Ибо Ибраим како нивна врска со ромското население. Од набљудувачите на ЦИВИЛ во тој регион, по проверка на информациите, точни информации се само имињата наведени во документот. Сето останато е дезинформација, особено дека се спремаат за вршење поткуп на ромското население.

Здружението КХАМ од Делчево, според документот е сместено во Берово, а со активности и во Македонска Каменица. Наводно, освен за поткуп на турското и ромското население во овој регион, КХАМ бил насочен и кон граѓанките и граѓаните што се на привремена работа во Италија.

Од КХАМ веднаш реагираа, демантирајќи пред сѐ, почнувајќи од тоа дека нивното седиште е во Берово и дека делуваат во Македонска Каменица. Невладината организација е со седиште во Делчево и во своето обраќање, додаваат дека имаат своја канцеларија во Виница и село Црник, Пехчево. Дополнително, во демантот се наведени нивните донатори, областите во кои делуваат и дека од секогаш во прв план им е интересот на граѓаните. Оттаму, организацијата, не само што го осудува поткупот на гласачи, туку никогаш во своето 19 годишно работење не се занимавале со политички кампањи и со активности за кои се обвинети. Со лагите што ги шири ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, само се обидуваат да го нарушат угледот на организацијата.

Многу од наведените случаи на поткуп на гласачи во документот на ВМРО-ДПМНЕ, според извештаите на набљудувачите, затоа што дел од споменатите лица дури и не постојат, а за останатите, се утврдило дека се далеку од тоа да ги извршат изборните нерегуларности за кои се говори во документот кој го обелодени ЦИВИЛ.

Според извештаите на ЦИВИЛ од локалните избори на 15 октомври, а во пресрет на вториот круг на 29 октомври, регистрирани се четири обиди за поткуп на гласачи. Ниеден од тие случаи не е во релација со локациите или лицата наведени во документот кој го објави ЦИВИЛ Медиа.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДМНЕманипилациимониторингпоткупЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ