Нови мерки за заштита, најави денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот наведе дека меѓу мерките што се разгледува носење маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бојот на лица за групирање воопшто, силна контрола и казни за семејни прослави и прослави на затворено, прецизен протокол за работа на угостителски објекти на затворено, во односна бројот на посетители, дистанца на седење и евентуално намалување на капацитетот на објектите.
Според анализите се заклучува дека главната причина на зголемување на новозаразените се должи на непочитување на мерките, пред се групирање, семејни прослави, свадби кои се забранети, но и генерално опуштање на граѓаните, кои очигледно заборавија на почитување на мерките и последиците од нивното непочитување. Зад нас е летото и стабилниот период, ризикот што го носи есента е сериозен, рече Филипче.
Тој додаде дека нема да се дозволи да не се почитуваат мерките и да се изложуваат на ризик останатите.
– Коронавирусот може да биде фатален за секој од нас. Заради ова почнавме, а уште повеќе од следните денови ќе ги засилиме контролите. Сите инспекторати задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат, потецира министерот.
J. Ѓ.