Во пресрет на есента, мандатарот Зоран Заев најави дека не очекуваат сериозни предизвици со пандемијата со корона вирусот.
Тој пред пратениците на седницата за избор на нова влада, најави стратегија и нови мерки во соработка со сите институции, инвестиции во здравствениот систем, но упати и апел до граѓаните да ги сфатат сериозно најавите и очекувањата во периодот што следува.
“Во следниот месец пандемијата со корона вирусот веројатно ќе се влоши и ги повикувам граѓаните сериозно да ја сфатат опасноста. Нашите институции заедно со претседателот ќе се обидеме да бидеме спремни со потребни мерки. Почитувајте ги мерките за заштита. Периодот пред нас ќе биде со повеќе предизвици за нашето здравство. Уште повеќе ќе инвестираме во здравството за да биде уште поефикасно”, изјави Заев.
Тој рече дека инвестициите кои започнаа за време на претходната влада ќе продолжат и развијат уште повеќе од новата Влада. Тој порача дека против пандемијата треба да се бориме сите заедно и одлучно.
А. З.