Втората 10-часовна пауза на воените активности на Израел започнува во делови од Газа за да се овозможи испорака на помош, пренесува Би-би-си.
Паузата доаѓа откако агенциите за помош предупредија за масовно гладување низ Газа – во недела, Светската здравствена организација соопшти дека неухранетоста достигнала „алармантно ниво“
ОН ги поздрави новите мерки за помош, за кои рече дека вклучуваат „укинување на царинските бариери“ за помошта од Египет и „известија“ за безбедни рути за конвои
Но, исто така, рече дека акцијата треба да биде „одржлива“ – и дека „не смее да има повеќе напади врз луѓе што се собираат за храна“
Дел од помошта беше исто така фрлена од воздух во Газа за време на викендот – но тоа беше мал дел од дневните потреби на жителите на Газа.
Д. Мишев