• Latest

Нова ера во соработката меѓу младите од Северна Македонија и Грција

January 31, 2020
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нова ера во соработката меѓу младите од Северна Македонија и Грција

Настанот вклучи повеќе од 200 активни млади луѓе од двете соседни земји, Северна Македонија и Грција, а главна цел е културна размена и промоција на важноста на соработката помеѓу младите луѓе од двете земји во духот на помирувањети и градење на добрососедски односки како предуслов за ЕУ интегративните процеси на нашата земја. 

January 31, 2020 17:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Младинскиот Сојуз од Крушево во партнерство со УНЕСКО Младинскиот Клуб од Солун и Фондацијата Фридирх Еберт, канцеларија Скопје го организираа младинскиот културен настан на кој го најавија процесот на отворање на билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македонија и Грција.

На настанот се обратија Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, американската амбасадорка, Кејт Мери Брнс, германскиот амбасадор, Томас Герберих, грчкиот амбасадор, Димитрис Јанакакис и пратеничката од грчкиот парламент, Катарина Нотопуло. 

Настанот вклучи повеќе од 200 активни млади луѓе од двете соседни земји, Северна Македонија и Грција, а главна цел е културна размена и промоција на важноста на соработката помеѓу младите луѓе од двете земји во духот на помирувањети и градење на добрососедски односки како предуслов за ЕУ интегративните процеси на нашата земја.

 „Идејата зад оваа соработка е стара и доаѓа како резултат и постојана дебата со младите луѓе во двете земји. Во последните 20 години млади луѓе од Северна Македонија и Грција учествуваат во заеднички активности споделувајќи ги нивните идеи за иднината на нивните земји. За жал живееме во дел од Европа каде младите имаат многу проблеми, заеднички проблеми.  И ова е тоа што не обединува.
Пред два месеци бевме тука со група на студенти од Универзитетот Аристотел во Солун и тие сфатија дека ги учат истите работи и ги имаат истите проблеми, околу вработувањата и пристапот на пазарот на труд, како и младинската невработеност која е проблем на двете земји“, изјави Харалампос Папаиоану од Младинскиот клуб од Солун.

„Моето име е Мари Вурсопулос, доаѓам од Солун, Грција. Јас сум тренер и истражувач. Денеска сум тука да го славам пријателството. Не дојдов за официјалниот настан каде зборуваат политичарите. Пред се дојдов да ги видам моите пријатели. Да ги прославам сите вообичаени работи кои ги правиме заеднички, и тука не мислам само на младински проекти, туку заеднички лета, одмори и долги разговори со кафе. Морам да кажам дека се уште постои многу омраза и сомнежи. Но она што го имам заклучено како истражувач е дека луѓето кои меѓусебно не се сакаат, од двете страни, се всушност луѓе кои никогаш не прозбореле меѓу себе и никогаш не ги посетиле државите“, изјави една од учесничките од Грција.

„За жал, сè уште постојат луѓе од двете страни на границата, меѓу нив секако и млади луѓе, кои имаат предрасуди за соседната земја и кои едноставно немале можност да се запознаат со животот и секојдневието на другата страна, да се дружат со своите врсници, да разменуваат мислења, идеи. Оттука, иницијативата за отворање на Билатерални канцеларии за младинска соработка помеѓу Северна Македониja и Република Грција е идеја за проект кој ќе го зголеми обемот на соработка и ќе иницира заеднички активности кои ќе бидат одговор на потребите на младите од двете страни. Сето ова значително ќе придонесе за зголемување на соработката и пријателството и надминување на негативната перцепција и стереотипите, кои се резултат на долгогодишното отсуство на вистински информации. Многу млади, токму преку оваа иницијатива, за првпат ќе имаат можност да се дружат со своите врсници и директно да посведочат дека споделуваат заеднички интереси, заеднички визии и проблеми“, рече претседателот Стево Пендаровски.

„Младите луѓе се нашата иднина и во време кога многу од нив ги напуштаат домовите за да работат некаде надвор добро е да се види дека се градат нови мостови на соработка меѓу нашите две земји.
Оваа младинска политика е една од целите на акцискиот план потпишан минатата година кој е произлезен од имплементацијата на Преспанскиот договор.
Кога станува збор за Преспанскиот договор луѓето најчесто се осврнуваат само на прашањето со името. Но, преспанскиот договор и акцискиот план се многу повеќе од тоа. Тие создаваат рамка за поширока соработка во многу голем број на области“, истакна грчкиот амбасадор Димитрис Јанакакис.

„Оваа земја има толку многу силни и млади гласови кои ги изразуваат своите надежи за иднината.
Фактот што младината доби огромно влијание во Препанскиот договор е сведок за важноста на помладите генерации во лечењето на историските рани и заедничкото движење напред на двете држави. За создавање на подобри можности и промовирање на подобро меѓусебно разбирање. Во растечкиот интегративен свет во кој живееме ниту една земја не може да напредува без добри односи со своите соседи“, изјави американската амбасадорка Кејт Мери Брнс.

„Воодушевен сум од огромната бројка на млади луѓе од Северна Македонија и Грција кои се денеска тука со нас.  Ова е многу добар почеток за културна размена и севкупна соработка меѓу младите од двете соседни земји. Ве молам, искористете го овој ветувачки почеток за помирување и градење на добри меѓусоседски односи“, истакна германскиот амбасадор Томас Герберих.

„Ние имаме нов пријател и нова моќ и оваа моќ нема да ја испуштиме. Овој настан е добра илустрација за добрите односи меѓу свете земји. Сите сакаме еден млад и модерен регион. Ставивме крај на еден многугодишен спор но влеговмр во една нова ера каде наместо ѕидови градиме мостови“, изјаив заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

„Денеска споделуваме заедничка амбиција на двете наши држави за поттикнување на демократијата преку заеднички вредности за отворање на нашите економии, зголемување на безбедноста во Европа и промоција на научни и истражувачки иновации. Како и да е, најважно во овој момент е искористувањето на целиот наш потеницијал, различноста на нашата младина, различностите и експертизата.
Преку развивањето на заедничка рамка на инклузивна младинска платформа и меѓусебна соработка меѓу младите од двете земји. Навистина е важно да ги унапредиме нашите политички и економски односи. Сакаме младите да имаат многу важна, силна и активна улога во зајакнувањето на иднината на нашата соработка и нашето партнерство. Убедена сум дека ако изградиме многу блиска, цврста и стратешка соработка можеме да изградиме посилно соседство за мир, стабилност и просперитет“, нагласи грчката пратеничка Катерина Нотопуло.

Маја Ивановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Владимир Перчуклиевски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ