• Latest

Нова градинка во Куманово за поголем опфат на децата

May 16, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нова градинка во Куманово за поголем опфат на децата

May 16, 2018 08:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Над 1900 деца се згрижени во кумановската градинка „Ангел Шајче“. Уписите започнаа, родителите брзаат да ги запишат децата во еден од седумтте објекти во јавната општинска установа. Последниве десетина години, Советот на општина Куманово, континуирано носи одлуки со кои и се дозволува на градинката да  запише поголем број деца во однос на расположливиот капацитет. Родителите кои сакаат нивните деца да бидат згрижени во установата од 1 септември, ќе мора да ги достават барањата до 10 јуни годинава. Комисија ќе ги разгледува пријавите, вклучително и оние кои досега биле одбиени. На последната седница, советниците едногласно подржаа одлука да отпочне со работа реконструираниот објект „Детелинка“.

марина алексовска

– Околу 700 деца чекаат за прием во градинката. Очекуваме голем број нови пријави, сите нема да можат да бидат згрижени во установата. Што се однесува до новиот објект, децата веќе се примени, изјави директорката на градинката, Марина Алексовска.

Борбата на установата за отварање нови објекти и проширување на капацитетите на постоечките трае со години наназад. Куманово е еден од ретките градови со природен прираст и имаше потреба од изградба на нови и реконструирани објекти за згрижување на децата. Во изминативе две години беа отворени и два центри за ран детски развој, едниот лоциран во основното училиште „11 Октомври“, вториот во населбата „Иго Тричковиќ“, кои опфаќаат деца од три до шест годишна возраст.

Родителите инсистираа, но и локалните институции, што беше клучно пред неколку години централната власт да донесе одлука да се реконструира постоечки објект поранешниот „Пионерски дом“ и да се адпатира во нов објект „Детелинка“ кој според надлежните од Министерството за труд и социјална политика ќе има капцитет за прием на 70-тина деца.

детелинка градинка куманово

Објектот е веќе реконструиран и децата ќе можат наскоро да бидат згрижени. Од МТСП информираа дека објектот ќе биде наменет за деца од  девет месеци од шестгодишна возраст односно до вклучување во основно образование, согласно  Законот за заштита на децата.  Поранешниот „Пионерски дом“ се наоѓа на улицата „Кирил и Методиј“ зафаќа нето корисна површина од 347,47 м2 и е од цврста градба. Располага со влезен хол, ходник, три занимални, кујна, санитарна просторија за деца, санитарна просторија за деца и возрасни, перална и други пропратни простории.

– За реконструкција, Министерството за труд и социјална политика во рамките на својот буџет издвои 3.789, милиони денари за изведување на градежно-занаетчиски работи и 1,5 милиони денари за опремување на просторот. Средствата за вршење на дејноста на објектот „Детелинка“, Oпштина Куманово ќе ги обезбедуваат преку  Jавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ Куманово – Oпштина Куманово,  односно од Буџетот на Република Македонија преку блок дотации, од надоместокот на корисниците на услугата, донации и други извори на финансирање согласно закон, соопштија од МТСП.

Бројката од 70 деца не е голема, но е за поздравување сметаат одговорните од градинката и ќе придонесе да се зголеми опфатот на деца во предучилишна установа, со што ќе им се даде еднаква можност за напредок во понатамошното образование на сите деца, но и ќе се зголемат можностите и потенцијалот за развој на државата. Ова го најави и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на прославата на 60 годишниот јубилеј на кумановската градинка.

царовска

– Сакам да ја потенцирам заложбата на Владата за развој и детска заштита за отварање детски градинки во рурални средини, како што беше примерот во Старо Нагоричане, рече министерката Царовска.

Градинката во Старо Нагоричане беше пуштена во употреба пред два месеци и е прва установа за згрижување деца во оваа рурална општина. Во наредниот период планирано е да се зголеми опфатот на деца за 50 проценти во однос на сегашниот, што е заложба во однос на детската заштита.

Надлежните сметаат дека значајно е инвестирањето во развојот на децата, неговото постојано унапредување и надградување, бидејќи со тоа се овозможува и развој на децата кои се идни градители на развојот на државата.

Општина Куманово,  и покрај тоа што наскоро ќе добие реконструиран објект аплицираше за изградба на нова градинка која ќе се наоѓа на улицата „Бајрам Шабани“. Градинката е планирана да   биде мултиетничка, што не е новина за градот и ќе овозможи поголем опфат на децата од Куманово. Во кумановската градинка уште од 90-тите години, наваму, со години функциионираат билингвални групи на македонски-албански и на македонско-српски јазик. Кумановската градинка е меѓу првите во кои се спроведува и проектот „Инклузија на Роми во предучилишна установа“, со кој се овозможува поголем опфат на децата од оваа етничка заедница.

Отварањето на нови градинки во Куманово е клучно со оглед на фактот што е општина во која на годишно ниво се раѓаат околу 1500 новороденчиња, а тука се движи и бројот на запишани првоодделенци околу 1650.

Градинките се корен на воспитно-образовниот процес, место во кое најмладите се стекнуваат со знаења, умеења вештини. Грижата за децата е одговорен ангажман затоа е потребно и да се отворат нови градинки каде ќе бидат сместени децата кои ќе се едуцираат и полесно ќе  вклопат во основното образование. Предучилишното воспитување и образование ги воспоставуваат вредностите што понатаму во животот на децата ќе бидат стожери на нивниот индивидуален развој и напредок.

Александра Максимовска

Извор: МИА

Tags: градинкаКумановопроширување на капацитети
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ