• Latest

Нова шанса и за Макрон и за Македонија

October 29, 2019
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нова шанса и за Макрон и за Македонија

October 29, 2019 08:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме силни аргументи за да го убедиме францускиот претседател Емануел Макрон дека методологијата пред проширување на Европската Унија може да се трансформира во проширување заедно со промената на методологијата. Ова го изјави премиерот Зоран Заев и истакна дека постојат големи шанси проширувањето на европското семејство да оди заедно со реформите во преговарачкиот процес за прием на нови земји, пренесува Слободен печат.Реномираниот „Фајненшл тајмс“ објави дека Франција би можела да го укине ветото за почеток на преговорите со Македонија и со Албанија во замена за прифаќање на нејзиниот предлог – во сферата на надворешната политика и оданочувањето наместо со консензус, одлуките да се носат со квалификувано мнозинство. Ако биде прифатено ваквото барање на Париз, оценува весникот, повеќе не би имало причина за одлагање на процесот на проширување на ЕУ.

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека теоретски е можно наскоро да влеземе во еден паралелен процес, односно да добиеме датум за преговори, а истовремено да почне и спроведувањето на новата методологија во Унијата. Тој додава дека идеалното сценарио би било доколку Макрон наскоро го повлече ветото за Македонија, а го остави за Албанија. Арсовски објаснува дека на тој начин францускиот претседател конечно ќе се ослободи од епитетот „лошо момче“, а сепак ќе остане цврсто на ставот дека е потребна методологија.

– Во секој случај, конечната одлука за повлекување на ветото Франција нема да ја донесе во скоро време. Таа ќе почека за да види колку ќе се задржи притисокот од другите земји кон неа. Инаку, теоретски е сосема возможно паралелно да се спроведуваат преговорите и методологијата. Тука не постои технички проблем, туку прашањето е политичко. Всушност, главниот проблем на Франција не е методологијата, туку тоа што не сака проширувањето на Унијата да продолжи да се прави како до сега. Треба да биде јасно дека што повеќе се проширува европското семејство, толку повеќе слабее самата Франција. Токму затоа Париз бара одлуките отсега да не се носат со консензус, туку со квалификувано мнозинство – објаснува Арсовски.

Според него, тоа што би можело сега да се очекува е Франција да го повлече ветото за Македонија, а да го остави за Албанија.

– Со пуштањето на нашата земја во ЕУ, францускиот претседател практично ќе си го обели образот по направената грешка во Брисел. Преку задржувањето на Албанија во чекалната, пак, Макрон дополнително ќе го зацврсти влијанието во однос на промената на методологијата – вели Арсовски.

Аналитичарот Насер Зибери смета дека убедувањето на Макрон да го повлече ветото ќе претставува долг и макотрпен процес.

– Ако на францускиот претседател му одговараше паралелен процес, тогаш тоа ќе беше понудено уште на самитот во Брисел. Лично се сомневам дека расположението кај Макрон се променило во рок од неколку недели. Сепак, не треба да губиме надеж, бидејќи до самитот во мај има уште половина година, а тоа е доволно време за извршување притисок и за убедување на Макрон – вели Зибери.

Европските либерали, пак, едногласно усвоија резолуција за поддршка на европската перспектива на Македонија. Тридневниот конгрес во Атина резултираше со барање на европските либерали земјава да добие датум за почеток на пристапните преговори веќе на следниот самиот на Европскиот совет во декември годинава.

Процесот на проширување на Европската Унија мора да продолжи, секоја држава мора да биде оценувана индивидуално, а Македонија испорача сè што претходно беше побарано, беа дел од заклучоците во резолуцијата.

На конгресот присуствуваше и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој истакна дека очекува овие заклучоци да направат сериозен притисок врз францускиот претседател Макрон.

извор: Слободен печат

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ