• Latest
Mеѓународна конференција Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам - Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам (фото: Р. Атанасовски/ЦИВИЛ)

НОВА ВИЗИЈА ЗА ЕВРОПА: Безбеден простор за демократија и човекови права, наспроти подемот на крајно десничарскиот национализам

February 3, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

НОВА ВИЗИЈА ЗА ЕВРОПА: Безбеден простор за демократија и човекови права, наспроти подемот на крајно десничарскиот национализам

February 3, 2025 13:38
in ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ФОРУМ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Mеѓународна конференција Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам - Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам (фото: Р. Атанасовски/ЦИВИЛ)

Mеѓународна конференција Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам - Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам (фото: Р. Атанасовски/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ПОДЕМОТ НА КРАЈНО ДЕСНИЧАРСКИОТ НАЦИОНАЛИЗАМ е наслов на втората панел дискусија на големата меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ што се одржа на 12 декември 2024, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија), во партнерство и со Нов европски граѓански форум со седиште во Брисел, а со поддршка од Владата на Северна Рајна-Вестфалија.

Во панел дискусијата што ја водеше Волфганг Ресман, претседател на Медиа дијалог/Y4M, Германија, учествуваа Роџер Касале, Генерален секретар, Нов европски граѓански форум, Италија, Ксенија Халубович, новинарка, Германско-француска награда за новинари 2021, Белорусија (во егзил), Мика Бојстер, Претседател, Германска унија на новинари, Германија, Александар Спасов, универзитетски професор, Северна Македонија, Адмир Лисица, истражувач, БиХ и Бојан Маричиќ, активист на граѓанското општество, поранешен вицепремиер за европски работи и поранешен министер за правда, Северна Македонија.

Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам – влијанието врз демократијата и општествената  кохезија

На панел дискусијата говорниците зборуваа за напливот на крајно десничарските движења и нивното влијание врз демократијата и општествената кохезија: што можат да направат медиумите и граѓанското општество и поставување на основа за понатамошна соработка во врска со план и стратегија за дејствување.

Ксенија Халубович: Луѓето во егзил треба да продолжат да го креваат својот глас за милиони Белоруси кои не смеат да зборуваат

Ксенија Халубович, новинарка, германско-француска новинарска награда 2021 година, Белорусија (во егзил) на панелот Подемот на крајнодесничарскиот национализам, зборуваше за режимот на Лукашенко и неговата поддршка на Путин и како е да се живее во тие услови.

„Повеќето од новинарите и активистите сега живеат во егзил и работат во егзил, а сега само овие луѓе можат да бидат гласови на белоруски луѓе кои не можат да ја напуштат земјата и кои живеат во оваа тивка сива зона внатре под овој притисок. Вчера имаме страшна вест дека една жена се самоубила поради политичките репресии во Белорусија. Што се случува кога луѓето повеќе не можат да зборуваат и не знаат што да прават со сите овие ужасни услови?“, вели Хелубович.

Александар Спасов: Ние како мејнстрим мора да научиме како да ги привлечеме луѓето наместо да ја префрламе вината на политичките радикали

Александар Спасов, вонреден професор по правна теорија и филозофија на правото, Северна Македонија, се осврна на проблемот со владеењето на правото воопшто и со правдата во Северна Македонија, но и во регионот на Западен Балкан.

„Во Северна Македонија, гледаме дека народот е целосно разочаран од правосудниот систем. Ние сме еден од уникатните примери каде луѓето, помалку од 2% од населението веруваат во судовите дека се способни да ја испорачаат правдата и тоа не е проблем само за функционирањето на системот, на судството. Ова е проблем за стабилноста на општеството, на целото општество. Зошто? Затоа што кога луѓето чувствуваат дека не можат да ја добијат правдата пред судовите, тие се склони кон порадикални, повеќе, да речеме, револуционерни мерки кои ветуваат дека наместо корумпираните елити кои владеат со земјата, вклучително и судовите, тие би ја донеле правдата и оваа правда не е нужно правда во судовите, но тоа е и правда што може да се случи на улица“, изјави Спасов.

Бојан Маричиќ: Треба да ги преточиме емоциите на луѓето во акциja што ќе се спротивстави на крајно десничарскиот национализам

Бојан Маричиќ, граѓански активист, експерт за ЕУ нтеграции, право и политика, поранешен вицепремиер за европски прашања и министер за правда, Северна Македонија посочи дека дека кога наративот за европска перспектива не фунционира тогаш настапува десничарскиот наратив.

„Во Западен Балкан секогаш имало два натпреварувачки наративи – наративот за европската интеграција и наративот на десничарскиот национализам кој доминира во конфликтот или конфликтниот наратив на Западен Балкан. Обично, кога еден од нив не функционира, другиот доминира. Така, секогаш кога европската интеграција како наратив не функционира и не покажува резултати, тогаш десничарскиот радикален национализам доминира во наративот на конфликтот“, потенцира Маричиќ.

Мика Бојстер: Треба да внимаваме на сè уште стабилните земји во Европа, бидејќи тие се светилници на кревките региони

Претседателот на Германскиот сојуз  на новинари, Мика Бојстер  на панелот зборуваше за односот на медиумите и пласирањето на информации кои известуваат за десничарскиот национализам и екстремизам.

„Треба да внимаваме на сè уште стабилните земји во Европа, бидејќи тие се светилници кои ги осветлуваат регионите кои се кревки, така што поважно е да зборуваме за ова овде и да ги поврзуваме луѓето, новинарите, граѓанското општество, затоа што не можеме да се потпреме на владите во Европа да ја завршат работата наместо нас, тоа е наша работа, да обезбедиме стабилност и новинарите можат да бидат дел од тоа решение и да дејствуваат паметно“, изјави Бојстер.

Адмир Лисица: Имаме проблем со руското влијание и ни треба поддршка од ЕУ и НАТО

Адмир Лисица, регионален истражувач за политички односи, Босна и Херцеговина во своето излагање се осврна на сегашната состојба на Европа истакна дека е опасна за БиХ со подемот на национализмот.

„Исто така, мислам дека екстремната десничарска политика си поигра со емоциите на луѓето. Екстремно десничарската политика на Балканот и Европа ни дава едноставно решение за големите проблеми. И мислам дека тоа е голем проблем за нас во Босна и Херцеговина. За мене и за луѓето во Босна и Херцеговина, делот НАТО, делот ЕУ, делот на ЕУ е поважен во надворешната политика. И мислам дека ова е добро место да се види дека имаме проблем со руското влијание и ни треба поддршка од ЕУ и НАТО“, изјави Лисица.

Роџер Касале: Новата визија за Европа не треба да биде само мировен проект, туку и безбеден простор за демократијата и човековите права

Роџер Касале од Нов Европски народен форум- Италија, се осврна на десничарскиот начин на политичко оперирање низ Европа, зборувајќи за национализмот и авторитаризмот кои маршираат по истиот пат рамо до рамо – патот до војната.

„Постои тенденција каде што го гледате чудовиштето на хоризонтот, да се фокусирате и да се справите со чудовиштето. Тие треба да одговараат, и има многу што треба да направиме за себе, како посветени демократи. Новата визија за Европа треба да биде визија која нема да биде само мировен проект, туку и Европа која ќе биде безбеден простор за демократијата и човековите права. А ние како граѓани, како организации, како граѓанско општество сме одговорни да ја градиме таа нова Европа од корен, секој ден. И многу од тоа е за цивилизациската култура на, за тоа како се поврзуваме еден со друг“, порача Касале.

Целта на конференцијата е да фрли светлина на предизвиците против демократијата и човековите права, но и да изработи применливи препораки и основи за стратегии за нивно надминување. Конференцијата беше дел од официјалната програма на Неделата на човековите права – иницијатива на Северна Рајна Вестфалија, и се одржа по повод Меѓународниот ден на човековите права, како и 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ во 1999. Конференцијата е дел од меѓународната иницијатива Одбрана на демократијата што ја започнаа партнерските организации во Скопје.


За повеќе информации за Конференцијата, посетете ја специјалната страница: defendingdemocracy.civilmedia.mk

КОНФЕРЕНЦИЈА, ЦЕЛОСНО ВИДЕО, емитувано во живо на 12 декември, 2024:

 

#DefendingDemocracy ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАНЕЛ 1: Деморкатија под опсада

ДЕМОКРАТИЈАТА ПОД ОПСАДА: Медиумите се клучна инфраструктура – барометар за демократските вредности и почитувањето на човековите права

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: #DefendingDemocracyАдмир ЛисицаАлександар Спасовдесничарски национализамконференцијаКсенија ХалубовичМика БојстерРоџер Касале
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ