Промената на изборниот моделот бара измени во изборниот законик, изјави за Фронтлајн поранешниот претседател на ДИК, Александар Новакоски. Според него, секоја промена на модел има свои импликации во општественото право на граѓаните и правото на глас.
– Ако се определат за една изборна единица, мојот став е дека треба да постои и праг, кој би бил разумен и согласно некои меѓународни стандарди. Гласањето на дијаспората исто така е прашање кое треба да биде најсериозно третирано од законодавецот. Некои земји не дозволуваат гласање вон конзуларно дипломатските претставништва. Некои земји дозволуваат, но затоа треба претходно МНР да склучи договори со земјите и да направи проценка на трошоците, и тоа по еден глас, колку средства се трошат. Со оглед на тоа што имаме искуство за слаб одзив на дијаспората, треба да се воведе гласање по пошта, вели Новакоски.
Д. Јонузи