• Latest

Новата власт задолжително да ги разгледува извештаите на Државниот завод за ревизија!

June 8, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Новата власт задолжително да ги разгледува извештаите на Државниот завод за ревизија!

June 8, 2017 13:39
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со конституирање на новиот парламентарен состав, време е да се размислува за задолжително разгледување на ревизорските извештаи подготвени од Државниот завод за ревизија – ДЗР, на седницата на Комисијата за финансии и буџет, па и на седница на Собранието.

Ова се дел препораките сместени во вториот квартален извештај од следењето на работата на ДЗР, изработен од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Центарот за економски анализи (ЦЕА).

На денешната прес-конференција беше потенцирано дека сите институции кои се финансирани од буџетот на Република Македонија се опфатени со работата на ДЗР. Оттука, како што посочи Дамир Незири од ВФД, ревизорските извештаи содржат многу информации за работата на институциите и нивното задолжително разгледување ќе придонесе за поголема финансиска транспарентност.

„Извршувајќи ја својата работа во текот  на 2016 година, ДЗР доставил седум ревизорски извештаи до Јавното обвинителство, од каде сè уште не е добиен повратен одговор. Општина Кочани, Министерството за економија, ЈП ‘Македонија пат’, Министерство за образование и наука…, се дел од институциите каде ДЗР детектирало неправилности во работењето“, вели Габриела Димоска од ЦЕА.

Како што истакнаа претставниците од ДЗР присутни на прес конференцијата, најчесто испратените извештаи се однесуваат на неправилности во делот на трошењето на буџетските средства и на злоупотреба на службената положба на вработените.

„Нашата надлежност завршува со утврдување на неправилностите и испраќање на извештаи до надлежни институции. Ние не сме надлежни да дадеме суд дали треба да се покрене постапка. Нашиот извештај е врховен и не подлежи на понатамошни докажувања пред други инстанци“, одговори Александар Поповски генерален секретар на ДЗР, на прашањето дали се постапува по нивните извештаи.

Од ДЗР истакнаа дека соработуваат и со Специјалното јавно обвинителство и во неколку наврати постапиле по нивни барања. Исто така, нивата работа опфаќа и следење на финансирањето на политичките партии за време на предизборните кампањи, но и во останатиот дел од нивното работење.

Извештајот е дел од проектот „Подобрување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“, поддржан од Британска амбасада во Скопје.

М. Теговска

 

Tags: Александар ПоповскиВФДГабриела ДимоскаДамир НезириДЗРизвештајотчетностревизијаСобраниеЦЕА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ