Во последните 24 часа регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19, a направени се 1.348 тестирања, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Скопје 107, Куманово 14, Штип 4, Тетово 23, Струга 5, Битола 2, Охрид 6, Гостивар 4, Струмица 1, Кочани 1, Берово 1, Ресен 13 и Неготино 1.
Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.
Скопје 22, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 2, Битола 1, Кочани 2, Свети Николе 1 и Кичево 1.
Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на оздравени пациенти е 1.836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.