• Latest
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

June 4, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

June 4, 2025 15:18
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Стара идеја со нови дилеми, ова е заклучокот за предлогот за измена на изборниот законик со воведување на една изборна единица со право на глас и на дијаспората. Станува збор за иницијативи коишто се провлекуваат со години наназад, речиси на секој изборен циклус, а за коишто досега немаше општ конзенсус.

ЦИВИЛ: Eдна изборна единица да, отворени листи не нужно ќе придонесат за демократизирање на процесот

Во 2011 година ЦИВИЛ – Центар за слобода заедно со МОСТ, ја поддржа иницијативата за една изборна единица.

– Една изборна единица и отворени листи е предлог кој ЦИВИЛ го актуелизираше повторно во 2016 година, но досега, сеуште не се направи измената во начинот на спроведување на изборните процеси во нашата земјата со цел демократизација на изборните процеси. Во неколку наврати низ годините, ЦИВИЛ постојано алармираше за потребите од една изборна единица и изборни реформи, со што конечно ќе се обезбедат слободни и демократски изборни процеси, без вообичаените изборни нерегуларности што беа пракса на секои избори, велат за Фронтлајн од ЦИВИЛ.

Од таму додават дека во 2023 година се формираше Работна група за изборни реформи на иницијатива на Министерството за правда, во којa активно учествуваше и ЦИВИЛ.

– Тогаш, согледувајќи ја општествено политичката состојба на земјата во пресрет на претседателските и парламентарни избори во 2024 година, ЦИВИЛ заклучи и го изнесе ставот дека државата политички не е спремна, ниту дека има реална политичка волја за такви промени, наведува организацијата.

Според нив, една изборна единица да, отворени листи не нужно ќе придонесат за демократизирање на процесот или пак ќе им помогнат на помалите партии за поголема видливост и застапеност.

– Што се однесува до предлогот на владејачката партија за една изборна единица, но да гласа и дијаспората, ЦИВИЛ е на ставот дека дијаспората има и уставно загарантирано право на глас. Ставот на ЦИВИЛ е дека таа може да гласа само на претседателски и парламентарни избори, но не на локални избори, покажувајќи на тој начин дека се грижи за државата, кој ја води и во кој правец – на централно ниво. Ставот на ЦИВИЛ и во однос на дијаспората е дека државата на секој државјанин надвор од земјата со право на глас мора да му овозможи услови за остварување на неговото гласачко право. За потсетување, за парламентарни избори во 2024 година дијаспората не гласаше бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани, потенцират од ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Политички калкулации

Последниот обид (предлог поднесен во 2022 година) за Македонија да биде една изборна единица не ја доби поддршката на СДСМ и ДУИ.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо да има една изборна единица со можност да гласа и дијаспората. Тој не гледа причина зошто ова да не се случи до следните парламентарни избори, доколку се направат подготовки на дипломатско-конзуларните претставништва.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче изјави дека се подготвени да разговараат за предлогот, но дека за ваквиот предлог треба да се разговара со сите политички партии.

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека за следните парламентарни избори, ДУИ ќе предложи отворени листи. Но, како што дознава Фронтлајн ДУИ ќе инсистира и на изборен праг од 5 проценти.

 

Од друга страна, пратеникот Зијадин Села од Европскиот фронт смета дека една изборна единица за парламентарни избори би била штетна за Албанците бидејќи тие не се дел од населението во источниот дел на земјата и процесот не може да се контролира.

Неговиот предлог е да се оди со осум изборни единици, додека со оваа опција, само во скопскиот регион би се добиле најмалку 30 пратеници, додека во Полошкиот регион околу 22. Села се согласува дека листите треба да бидат отворени бидејќи граѓаните би можеле да ги изберат пратениците, а не лидерот на партијата.

 

Од друга страна, Билал Касами од ВЛЕН вели дека размислуваaт дали да ја поддржат идејата за една, три или осум изборни единици.

– Ова може да има и меѓуетнички импликации, бидејќи со една изборна единица, секако мора да постои гаранција дека гласот може да се зачува на целата територија на Северна Македонија и дека нема да има деформации на етничката реалност на претставувањето во Собранието. Значи, земајќи ги предвид сите овие аспекти, ние го градиме нашиот став за тоа дали ќе бидеме за една изборна единица, три или осум, изјави Касами.

Помалите партии од магедонскиот блок се без исклучок за една изборна единица, но се залагаат за изборен праг од 1 до 3 проценти.

Како да гласа дијаспората?

 

Поранешниот претседател на ДИК, Александар Новаковски во изјава за Фронтлајн вели дека промената на моделот бара измени во изборниот законик. Според него, секоја промена на модел има свои импликации во општественото право на граѓаните, правото на глас.

– Ако се определат за една изборна единица, мојот став е дека треба да постои и праг, кој би бил разумен и согласно некои меѓународни стандарди. Гласањето на дијаспората исто така е прашање кое треба да биде најсериозно третирано од законодавецот. Некои земји не дозволуваат гласање вон конзуларно дипломатските претставништва. Некои земји дозволуваат, но затоа треба претходно МНР да склучи договори со земјите и да направи проценка на трошоците, и тоа по еден глас, колку средства се трошат. Со оглед на имаме искуство за слаб одзив на дијаспората, треба да се воведе гласање по пошта, вели Новаковски.

 

Политикологот Ќани Нухиу смета дека изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани, но додава дека мора да има изборен праг од 5 проценти. Во врска со гласањето на дијаспората, тој вели дека дијаспората треба да гласа електронски, што според него е поефикасен, поевтин и покредибилен систем.

– Изборниот систем со една ИЕ е погоден за сите граѓани, без оглед на етничката или друга припадност. Сепак, мора да има изборен праг, бидејќи ако нема праг, криминалните групи можат да влезат во парламентот со 300 гласа. Во некои земји тој е 3 проценти, во некои пет, во некои седум, додека во повеќето земји е 5 проценти. Според моето лично и професионално мислење, мислам дека прагот треба да биде 5 проценти, изјави Нухиу за Фронтлајн.

Според него, најефикасното и најсигурното гласање за дијаспората би било електронскиот систем за гласање.

– Ова е најбезбедната верзија, секако, да се има и контрола, а не манипулирање со технологијата. Додека другата верзија со три изборни единици во дијаспората, во Македонија, се покажа како многу неефикасна. Во Албанија, гласањето на дијаспората по пошта, исто така, се покажа како неефикасно. Значи, логиката води кон електронско гласање. Поефикасен, поевтин и покредибилен систем, ако може да се обезбеди тоа, подвлече тој.

Анализа на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од 2023 година укажува дека изборниот модел не може да биде магично стапче за забрзување на демократизацијата на државата, вклучително и за надминување на маѓепсаниот круг на двопартискиот систем уште од осамостојувањето. Во комбинација со високото ниво на клиентелизам и низок степен на политичка култура, постојат многу покрупни пречки за поразновиден партиски систем во Северна Македонија од изборниот модел, чија дополнителна пропорционализација би можела да има други сериозни негативни последици за македонската демократија, беше посочено во анализата на ИДСЦС.

Освен што треба да се договорат дали да се промени изборниот систем од сегашните шест во една изборна единица, партиите мора да се договорат и за изборниот праг и начинот на гласање за дијаспората. Тие мора да се договорат и дали овој систем ќе го зголеми бројот на пратеници од сегашните 120 или ќе го намали.

Дестан Јонузи/Фронтлајн

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ