Државната изборна комисија излезе со најновите податоци јавниот увид во Избирачкиот список. Крајниот рок за проверка е 9 септември.Заклучно со 3 септември, вкупно 16.360 граѓанки и граѓани се провериле на Избирачкиот список. За 13 гласачи, ДИК донел решение за нивно внесување во Избирачкиот список, 6 гласачи се избришани, 15 побарале промени на одредени податоци, а на 7 гласачи им е поништено живеалиштето.
ЦИВИЛ излезе со соопштение со кое го повика гласачко тело да помогне во ревизијата на Избирачкиот список и да пријавува нерегуларности. Исто така, од организацијата ЦИВИЛ ја потсетува јавноста дека Државната изборна комисија за локалните избори на 15 октомври предвидува два начина за проверка на Избирачкиот список, во самите Општински изборни комисии или со електронска проверка.
ЦИВИЛ предупреди дека ДИК и за престојните локални избори се соочува со можноста за голем број нерегуларности во Избирачкиот список и дека е ѝ непходна помош и соработка од граѓанките и граѓаните.