• Latest

Новинари, професори, обучувачи од шест европски земји во посета на МИА

January 11, 2020

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Новинари, професори, обучувачи од шест европски земји во посета на МИА

January 11, 2020 12:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 30 професори, наставници, обучувачи, новинари и претставници на институции од областа на образование од Полска, Летонија, Литванија, Кипар, Грција и Северна Македонија ја посетија МИА со цел да се запознаат со работењето и забележливите успеси на агенцијата во изминатиот период.

МИА, како што посочи на презентацијата директорот и главен и одговорен уредник Драган Антоновски, израсна во вистински сервис на медиумите и примарен извор на веродостојни и проверени вести и информации за граѓаните и регионалните агенции. Тој ја појасни работата на Агенцијата и напредокот што таа го постигнала во изминативе две и пол години, етаблирајќи се во релеватен извор и медиум, кој ги промовира професиналните новинарски стандарди во своето работење, бескомпромисно вложува во елеминација на лажните вести и медиумската писменост.

 

Брзо, точно, проверено е мотото на МИА, нагласи Антоновски и додаде дека Агенцијата продуцира најголем број новинарски продукти во земјава, внесува новини во агенциското новинарство и ги користи сите алатки на современите дигитални можности и он лајн новинарство.

Објективно информирање на граѓаните, стоп за лажните вести, МИА во секој дом, како и обезбедување на проверени и точни информации во интересна медиумите и граѓаните, како и придонес кон јавноста и унапредување на демократското општество се целите на Агенцијата, посочи нејзиниот директор и главен и одговорен уредник пред гостите.

„Се соочуваме со сите предизвици на денешното време и медиумската реалност и имаме концепт како да се справиме со се тоа, и се поставуваме за долгорочните стратешки цели, а не за дневна политика и некаква епизодна улога на новинарската професија злоупотребена од политичката и бизнис елита. Реформиравме организациски еден дел од Агенцијата, ни претстои нова организацискат поставеност, имаме сериозна поддршка од донаторите на меѓународната заедница, преку обуки, опрема, имаме план за развој за наредните неколку години и сме на пат да станеме современа информативна агенција која без комплекс настапува и на регионалниот медиумски пазар, истакна првиот човек на Агенцијата Антоновски.

„МИА произведува 300 до 350 стории дневно во трите редакции, македонската која е поделена на внатрешна и надворешна редакција, како и од преведувачките редакции на албанскиот и англискиот сервис на Агенцијата“, истакна уредникот на генералниот сервис Ана Цветковска.

 

Таа пред присутните го презентираше и видео сервисот на МИА, кој се развива од изминатата година, со што МИА се приближува до стандардите на современите светски агенции.

„Документаристиката, видео интервјуа, репортажи, анализи и теми, новата дописна мрежа од странство особено соседството и главните центри Вашингтон, Брисел, Париз, Словенија, Хрватска, Косово и Србија секако Тирана , Бугарија и Грција се новините кои ја направија разликата помеѓу старата и новата МИА“, истакна директорот Антоновски.

„Не измисливме ништо ново само го ослободивме просторот за објективен новинарски израз и стандарди кои се универзални во нашата професија“, додаде тој.

 

Посетата на МИА на приближно 30-те гости, сите на некој начин во своите професии поврзани со медиумската сфера е дел од проектот Media Lab for bringing cross border gaps, кој почна во 2018 и ќе заврши ова лето. Во проектот учествуваат организации од шесте земји, а во рамки на неговите активности се подготвуваат алатки за учење за медиумска писменост, анализа на состојбите во земјите и три тренинзи, од кои едниот се одржува од 9 до 12 јануари во Скопје. Целта на тренингот е унапредување на прекуграничното разбирање, борба против дезинформациите, лажни вести и пропаганда. Тренингот е организиран од ЗМАИ – Здружение на аналитичари и истражувачи.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ