пишува: МАЈА ИВАНОВСКА
Постојаното ставање на удар на новинарите и медиумските работници и лечењето на сопствените фрустрации врз нив мора да престане. Новинарите и медиумските работници не се топовско месо врз кое треба да се кршат копјата на сите незадоволни и фрустрирани чинители во ова општество.
Последниот инцидент во кој полицаец се фати за својот полов орган пред камерите на екипите кои го проследуваат случајот Рекет и давањето исказ на Бојан Јовановски пред Обвинителството за организиран криминал и корупција е само показател плус за непочитувањето на оваа професија и нејзините претставници. Место за толеранција нема! Тоа што ваквото дело е чин на униформирано лице на целиот случај му дава дополнителна сериозност на случајот.
Крајно време е праксата на изживување, плукање, пцуење, па дури и физички напади, закани врз новинарската фела да престане!
За поздравување е експресната реакција на управата на затворот во Шутка, од каде што информираат дека полицаецот е веќе суспендиран, но и дека против него ќе биде покрената дисциплинска постапка. Ова е еден мал, но се надевам значаен чекор во заложбите за почитување на новинарската професија.