Новинарите и медиумските екипи редени пред објектот на СЈО чекаат изјава од главната обвинителка во оставка, Катица Јанева.
Тие се пристигнати од предпладневните часови, кратко откако Јанева стигнала во нејзиното работно место. Се најавува дека околу 14:00 часот ќе даде изјава, односно ќе одговори на сите отворени прашања кои кружат во јавноста.
Главната обвинителка на СЈО минатиот понеделник најави оставка која ќе стапи на сила откако ќе се избере нејзин заменик, а од вторник отвори боледување.
Арбен Зеќири