На сите тие пари коишто беа потрошени и се уште се трошат за работата на Специјалното јавно обвинителство, на сета поддршка од граѓаните и особено на сета медиумска поддршка која ја добива оваа институција, за сето ова време не успеа да најде соодветен простор за прес конференција.
Денеска видовме како новинари клечат додека обвинителката одговара на нивните прашања. Мизерно!
Всушност, СЈО и не е единствената институција која ги третира новинарите и медиумските работници на овој начин. Можеби треба да започнеме да ги одбиваме нивните покани за прес-конференции па така ќе се свестат?
Ако се отворени за соработка, како што се декларираат тогаш конечно мора да го решат овој проблем!
М. Ивановска