• Latest

Новите министри ги преземаат функциите од нивните претходници

January 17, 2022

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Новите министри ги преземаат функциите од нивните претходници

January 17, 2022 12:32
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Досегашниот министер за правда, Бојан Маричиќ денеска во Министерството за правда ја предаде министерската функција на својот наследник проф. д-р Никола Тупанчески.

Бојан Маричиќ / Никола Тупанчевски, примопредавање на функцијата Министер за правда, 17 јануари, 2022

Маричиќ при примопредавањето на должноста, на новиот министер Тупанчески му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со верување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите кои се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата.

,,Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат токму од правосудството. Среќно колега” – напиша на ФБ поранешниот министер за правда Маричиќ.

Во Министерството за труд и социјална политика денеска се изврши примопредавање на функцијата министер за труд и социјална политика, при што новоименуваната министерка Јованка Тренчевска ја презеде функцијата од досегашната министерка Јагода Шахпаска.

Јагода Шахпаска/ Јованка Тренчевска, примопредавање на функцијата Министерка за труд и социјална политика

Со тоа министерката за труд и социјална политика Тренчевска и официјално го започнува управувањето со овој сектор.

„Чест и задоволство ми претставува да го предводам секторот во кој со години наназад активно учествував во креирањето на социјалните политики насочени кон граѓаните, а особено кон најранливата категорија. Приоритет ќе ми бидат, унапредување на правата од социјалната заштита, обезбедување на редовни и сигурни пензии, заштита и почитување на работничките права како и грижа за најмладите. Продолжуваме заедно да градиме едно општество за сите. Родовата еднаквост останува и понатаму високо на мојата и на агендата на Министерството за труд и социјална политика, истакна Тренчевска.

Досегашната министерка за труд и социјална политика Шахпаска на нејзината наследничка Тренчевска и посака успешна и плодна работа. Таа ја информираше за тековните проекти на кои работи Министерството, за предвидената динамика за нивна реализација и за евентуалните пречки со кои се соочуваат.

Тренчевска доаѓа од раководната позиција на Државниот инспекторат на труд, а претходно ја извршуваше функцијата државна секретарка во Министерството за труд и социјална политика. Таа е дел од ова Министерство 19 години со нејзино активно учество во креирањето на политиките за родовата еднаквост на жените и мажите, сектор во кој има водечка позиција.

Нејзината досегашна кариера е во насока на унапредување на правата на работниците како и родовата еднаквост меѓу мажите и жените. Министерката Тренчевска е магистер по социолошки науки.

Новата министерка за одбрана, Славјанка Петровска, денеска на примопредавањето на функцијата од претходничката Радмила Шекеринска, се обрати со порака до Армијата и МО.

„Почитувани припадници на Армијата и на МО во мене гледате сојузник со кој заедно ќе ги надминуваме сите предизвици. Сите ние заедно пред се почитувајќи се меѓу себе сме дел од еден заеднички тим, тим наречен Република Северна Македонија.  Денес ја преземам функцијата министер за одбрана во едни многу поинакви општествено-политички околности отколку оние што беа во 2017 година. Денес нашата татковина е земја членка на НАТО и тоа не се случи само по себе. Требаше многу труд, посветеност и политичка пожртвуваност за сето ова да стане реалност.“

Петровска и се заблагодари на Шекеринска и на сите оние, како што рече, кои одлучиле и по цена да бидат критикувани и осудувани да донесат визионерски одлуки чии придобивки се во интерес на граѓаните.

„Членството во НАТО е признание за вашата работа и еден од најважните делови во поновата македонска историја.  Но, подвлече, членството во НАТО не е само признание на политичките процеси кои се случуваа, туку и на подготвеноста на нашата Армија да ги прифати НАТО-стандардите и принципите на дејствување и постапување на Алијансата.

Свесна за досегашниот влог целосно почитувајќи ги резултатите од реформите и постигнатиот напредок пред мене стои сериозен предизвик – да го сочувам она што досега е постигнато и истовремено да бидам политички двигател во процесите кои ни претстојат. Тоа е мојата обврска кон граѓаните, кон припадниците на Армијата, кон принципите на кои се заснова нашето членство во НАТО“, посочи во обраќањето министерката Петровска.

Обраќајќи им се на војниците, подофицерите и офицери, припадници на АРСМ, досегашната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска им порача дека нивната искреност, чесност, професионалност ја  импресионирале и мотивираше да биде и таа секој ден подобра.

Радмила Шекеринска/Славјанка Петровска, примопредавање на функцијата Министерка за одбрана, 17 декември, 2022 год.

„Лидерството за мене никогаш не било прашање на функција, на привилегија, на статус или позиција, туку исклучиво акција, одлуки, преземање одговорност и личен пример.“, изјави Шекеринска.

– Ја имав честа да и служам на нашата татковина во законодавната и во извршната власт. Горда сум што бев дел од историските успеси кои ги постигнавме заедно и здружени. Покажавме дека имаме капацитет да рушиме бариери и да постигнуваме големи нешта“, посочи Шекеринска  при примопредавањето на функцијата министерка за одбрана.

Поранешниот министер за здравство, д-р. Венко Филипче денеска му ја предаде функцијата на новиот министер, д-р. Беким Сали.

Филипче/Сали, примопредавање на функцијата министер за здравство, 17 јануари, 2022 година

„Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите.“, напиша Филипче на својот Фејбук профил.

Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска, во Министерството за култура и ја предаде функцијата на новоизбраната министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска.

„На новоименуваната министерка Костадиновска – Стојчевска, Стефоска ѝ посака срдечно добредојде во Министерството и многу успех во мандатот. Таа подвлече дека во ресорот се започнати повеќе процеси и проекти кои се од системско значење за уредување на културата, а кои поради сложеноста се одвиваат во повеќе фази кои бараат континуитет. Некои од нив се во сферата на заштитата на културното наследство, инвестициите, нормативата, евроинтеграциите, УНЕСКО, како и функционалната анализа во самото Министерство за култура. Стефоска им се заблагодари за довербата и соработката на својот тим и на сите вработени во Министерството, како и на културните работници и на уметниците“, информираат од Министерството за култура.

Ирена Стефоска/ Бисера Костадиновска Стојчевска, примопредавање на функцијата министерка за култура, 17 јануари, 2022 год.

Новоименуваната министерка за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, се заблагодари на убавите желби упатени од Стефоска и рече дека позицијата министерка за култура на Република Северна Македонија ја презема со голема чест и одговорност.

„Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што културата ги носи како силен обединувачки елемент во секое општество. Искрено верувам дека сите заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности“, рече министерката Костадиновска – Стојчевска. 

Јетон Шаќири денеска ја презеде од Мила Царовска функцијата министер за образование и наука во новиот состав на Владата.

Мила Царовска/Јетон Шаќири, примопредавање на фунцијата министер за образование и наука , 17, јануари, 2022 год.

„На новиот министер за образование и наука, мојот почитуван досегашен колега Јетон Шaќири, му посакувам успешна работа во извршувањето на оваа функција. Министерството за образование и наука во изминатиот период реализираше и започна реформи кои се од огромна важност за учениците, студентите и воопшто за државата“, напиша Царовска на својот фејсбук-профил.

Шаќири е кадар на ДУИ и досега ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ