• Latest

Новите соеви и нееднаквата поделба на вакцините ја отежнаа состојбата со коронавирусот во 2021 година

January 2, 2022

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Новите соеви и нееднаквата поделба на вакцините ја отежнаа состојбата со коронавирусот во 2021 година

January 2, 2022 10:53
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Светот ја заврши 2021 година со 29,326,993 активни случаи на коронавирусот, 5,452,999 починати, 253,689,769 оздравени и вкупно 288,469,761 заболени од почетокот на пандемијата.

Заклучно со 31 декември, во Северна Македонија регистрирани беа 225.049 заболени лица од коронавирусот, починати 7960 лица, а активни 5243 случаи.

Почетокот на 2021 година донесе и надеж за крај на пандемијата, бидејќи во тек беше вакцинацијата против коронавирусот, но со појавата на новите соеви, што беа отпорни на веќе произведените вакцини, минатата година донесе нови предизвици за цел свет.

Во јануари, експерти од Светската здравствена организација (СЗО) заминаа во Кина да го истражат потеклото на пандемијата на КОВИД-19. Кон крајот на март беа презентирани резултатите, при што експертите заклучиле дека најверојатниот начин на пренос на вирусот е преку животно или евентуално преку замрзната храна, а најмалку веројатно е дека вирусот потекнува од лабораторија.

Хронолошки да се потсетиме на случувања во државата и светот, што ја одбележаа 2021 година во однос на пандемијата.

Почетокот на вакцинација во Северна Македонија

Националниот план за вакцинација против КОВИД-19 беше разгледан и прифатен од страна на Владата на 26 јануари минатата година. Вакцинацијата се спроведуваше во три фази, во кои беа опфатени различни групи граѓани, односно оние кои се под најголем ризик од заболување. Сите заинтересирани граѓани имаа можност да се пријават на веб-страницата „вакцинација.мк“, со внесување на личните податоци.

На 17 февруари во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, првата доза Фајзер ја примија докторката Добринка Наунова Јовановска и главната сестра Габриела Темелковска од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби. Вакцинацијата продолжи, а приоритет имаа здравствените работници кои беа во првите борбени редови на пандемијата.

Согласно податоците од Министерството за здравство, до крајот на 2021 година аплицирани се вкупно  1.736.243 дози  вакцини против коронавирусот, трета доза примиле 86.266 граѓани. Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48 проценти, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. Податоците на Министерството покажуваат дека 22 проценти од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина, а опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 проценти.

Новите мутации на вирусот предизвикаа загриженост

Со цел да се избегне стигматизацијата на државите во коишто беа откриени новите соеви на коронавирусот, СЗО ги именуваше со букви од грчката азбука. Па така првата откриена мутацијата во Велика Британија беше именувана „Алфа“, мутацијата од Јужна Африка се нарекува „Бета“, мутацијата од Бразил е „Гама“, а онаа од Индија е именувана „Делта“.

На почетокот од второто тромесечие од 2021 година, во Соединетите Американски Држави беше присутен Алфа сојот, што предизвика голема загриженост за состојбата со вирусот. Во мај, Индија се соочи со над 400.000 случаи на Делта сојот, на дневно ниво, а СЗО оцени дека оваа мутација на вирусот е побрзо пренослива.

Кон средината на март 2021 година, во Северна Македонија доминантен стана Алфа сојот, при што државата се соочи со трет бран на пандемијата.

Кон крајот на пролетта и почетокот на летото, состојбата во државата беше стабилна, а се зголеми и интересот за вакцинација.

Во април, глобалниот биланс на смртни случаи од Ковид-19 надмина три милиони. Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус кон средината на летниот период оцени дека светот се наоѓа во опасен период поради делта варијантата, што во тој момент беше присутен во 100 земји.

Учениците се вратија во училишните клупи, под посебни протоколи

Министерството за образование и наука донесе План за одржување на наставата со физичко присуство на учениците во основите и средните училишта во учебната 2021/2022 година и протоколите за постапување на училиштата (основни и средни) во реализацијата на воспитно-образовниот процес по нивното отворање за сите ученици.

Со почитување на мерките и здравствените протоколи, дел од учениците од основните и средните училишта се вратија во училишните клупи, а останатиот дел од учениците кои спаѓаат во ризична група имаа дозвола наставата да продолжат да ја следат онлајн.

Во текот на летниот период се одобри и вакцинација на млади лица на возраст од 12 до 18 години со единствената дозволена вакцина за лица на оваа возраст, Фајзер.

За време на првото полугодие не беше забележано драстично зголемување или ширење на вирусот низ училиштата, но голема улога имаше и големиот процент на вакцинирани просветни работници.

2021 година – нееднаквост и поделби

Од СЗО досега се одобрени десет вакцини, додека ЕУ одобри пет – Фајзер, Модерна, Астра Зенека, Џонсон и Џонсон и Новавакс. Во светот администрирани се девет милијарди дози, но само 8,3 отсто од населението во земјите со ниски приходи е вакцинирано со најмалку една доза.

Шефот на СЗО, Гебрејесус уште на почетокот на 2021 година предупреди дека себичноста и нееднаквата поделба на вакцините не помагаат да се стави крај на пандемијата.

Преку Ковакс програмата за дистрибуција на вакцини во посиромашните земји се очекуваше да бидат испорачани две милијарди дози во 2021 година, но достигна само една четвртина од целта.

Додека некои делови од светот сè уште ја чекаат првата доза, Израел најави четврта доза за здравствените работници и лица над 60 години. Некои од земјите најавуваат или воведуваат задолжителни вакцини.

Поради нееднаквата дистрибуција на вакцини и појавата на новите варијанти беше загрозено економското закрепнување, а повторно се воведуваат и построги мерки. Патувањето без ковид-потврда е невозможно, а по тој повод ширум светот, а најмногу во Европа се одржаа и протести на кои демонстрантите негодуваа дека им се скратени правата на слободно движење.

Без ковид-сертификат речиси е невозможно да се функционира во секојдневниот живот. Дел од земјите го применуваат на работа, во јавниот превоз, културни или спортски настани. Во Северна Македонија важи мерката дека за влез во објект е потребно да се приложи сертификат со примени две дози вакцина или потврда за прележан КОВИД.

Кон крајот на ноември се појави Омикрон – нов сој на коронавирусот, што ги промени плановите за 2022 година. Експертите велат дека новиот сој се шири побрзо, ја намалува ефикасноста на вакцините против КОВИД-19, но сепак е помалку опасен од Делта сојот. Појавата на Омикрон ги одложи и божиќните и новогодишни прослави во дел од земјите, а се воведоа и дополнителни рестриктивни мерки.

Во 2021 година, Светската здравствена организација не ја исполни својата цел да вакцинира 40 отсто од населението во секоја земја до крајот на годината. Од 194 земји-членки на СЗО, приближно половина не ја исполнија целта, а во околу 40 држави не е имунизирано ниту десет отсто од населението.

Генералниот секретар на СЗО, во новогодишната честитка изрази надеж дека во 2022 година можно е да заврши пандемијата на коронавирусот.

– Две години по почетокот на пандемијата, алатките на располагање за борба против Ковид-19 сè уште се нерамномерно распределени низ светот. Во Африка, три од четири здравствени работници не се вакцинирани, додека луѓето во Европа и САД примаат трета доза. Таквиот јаз ги зголеми условите за појава на нови соеви, заклучувајќи нè во циклус на континуирани загуби, тешкотии и ограничувања, напиша Гебрејесус.

Тој додаде дека ако заврши нееднаквоста, тогаш ќе заврши пандемијата и глобалниот ноќен кошмар што го проживеа цел свет.

Кристина Ивановска/МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ