За денеска во Кривичниот суд е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ на СЈО.
Според обвинението на СЈО, обвинетите се гонат за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.
Во предметот „Титаник“ обвинети се дваесетина лица меѓу кои и експремиерот и бегалец Никола Груевски, ексминистрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска, како и Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски и уште неколкумина.