Categories

КРИВИЧЕН СУД Ново рочиште за „Тотал“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот „Тотал“ на СЈО, во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас.

Минатото рочиште беше одложено поради тоа што, како што констатира судијката, не се испочитувани законските услови за одржување расправа, бидејќи не се определени законски застапници за фирмите „Тотал маркетинг“ и „Медиамакс“.

На обвинетиот му беше укажано дека за правни застапници може да ги постави и неговите бранители, по што тие се обврзаа да достават писмен поднесок до Судот. Доколку тоа не биде направено, Судот по службена должност ќе одреди правни застапници.

Предметот „Тотал“ се однесува на даночно затајување од страна на Латас како сопственик и управител на фирмите за маркетинт и конслатинг услуги „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ Скопје, „Медиамакс“ и „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ Скопје.

Осомничениот Драган Павловиќ-Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email