Висок претставник на ЕУ изјавил дека Европската унија сака да има договорен европски кандидат на чело на Меѓународниот монетарен фонд, како замена на новоизбраната Кристин Лагард.
Фондот ќе треба да ја замени Лагард, која беше номинирана минатата недела од лидерите на ЕУ како следен претседател на Европската централна банка, којашто ќе започне со работа во ноември.
“Постои силна потреба меѓу европските земји за заеднички кандидат”, изјави официјалното лице за Ројтерс, под услов да остане анонимен пред состанокот на министрите за финансии на еврозоната.
Претставникот на ЕУ изјави дека претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено, е меѓу оние што работат на ова прашање, заедно со Финска, која во моментот претседава со ЕУ.
Друг официјален претставник изјави дека некои земји од ЕУ сакале за кандидат некој од земја членка на ЕУ, којашто опција која би можела да ги исклучи британските кандидати, бидејќи Британија треба да ја напушти ЕУ на крајот од октомври.
Како еден од можните кандидати за Европа, во медиумите беше спомнат Марк Карни, Гувернерот на Банката на Англија.
Иако е роден и израснат во Канада, Карни, поранешен гувернер на Банката на Канада, има и британски и ирски пасоши покрај неговото канадско државјанство.
Ова прашање не беше дел од формалната агенда на состанокот, бидејќи од ММФ сé уште не ја отвориле постапката за изнаоѓање на нов управен директор.
Д. Т.